ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година

18.02.2022 09:30:00


 ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 287/21) раздел 140.01 - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 - Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 - Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 24.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВO

Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

III. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • Барање за финансирање на проекти кои се опфатени со оваа програма;
  • Предлог-проект со детална анализа;
  • Финансиски план и рок на имплементација на проектот;
  • Доколку планскиот регион има повеќе предлог-проекти, тие треба да се означат со редослед за приоритет на финансирање, и
  • Тековна состојба на барателот од Централен регистар на Република Северна Македонија;

IV. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна до 28 Февруари 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 V. ИЗНОС НА СРЕДСТВА И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊА

Максималниот износ на средства предвиден за дел на овој јавен повик изнесува 6.500.000,00 (шест милиони и петстотини илјади) денари од вредноста на прифатливите трошоци за проектот по корисник и тоа: трошоци за изведба и надзор на проекти кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини. По завршување на проектот, до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот.

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањето од Дел I на овој јавен повик се доставува во пополнет образец БАРАЊЕ за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој, кое се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот. Воедно, еден корисник може да поднесе само едно барање за користење на средствата од оваа програма. Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „за јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година. Понудите кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. Барањето за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој може да се обезбеди преку интернет страната на министерството :www.mzsv.gov.mk. тел: ++ 389 2 З 144 477

VII. ПОСТАПКА И ОДОБРУВАЊЕ

Постапката за избор со предлогот за одобрување на барањето ја спроведува комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Постапката за избор ќе се спроведе и доколку на повикот има доставено само едно барање за реализација на средствата од Програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој. Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација нема да бидат утврдени во Листата на баратели. По извршениот избор на баратели кои ќе бидат финансирани од оваа Програма, истите ќе бидат известени по писмен пат за денот на потпишување на Договор за финансирање кој ќе се склучи помеѓу корисникот на средствата и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Документи за превземање

Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година
БАРАЊЕ за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој
Share