ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година

21.09.2018 09:45:00


Јавен конкурс за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година


 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Зачувување на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот е регулирано согласно Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13, 149/15 и 39/16).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество на јавниот конкурс имаат овластени субјекти од областа на сточарството кои ги исполнуваат општите услови од член 59 став 1 од Законот за сточарството и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за вршење на  одделна јавна услуга заштита на биолошката разновидност во сточарството, начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството и зачувувањето на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот („Службен весник на РМ“ бр.151/2010).

Јавниот конкурс за давателот  на јавните услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година трае (5) пет дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година, согласно видот на јавна услуга.

Документи за превземање

Јавен конкурс
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици