Николовски: Секоја инвестиција во младите е инвестиција во иднината на оваа држава

22.09.2018 10:52:00


Инвестирањето во младите земјоделци како двигател во земјоделскиот сектор е од исклучителна важност на МЗШВ, порача министерот Љупчо Николовски на Саемот за млади земјоделци кој денеска се оддржа во Свети Николе. Во рамки на Саемот министерот Николовски додели плакета на најуспешниот млад земјоделец.

-        Целта е со самата афирмација да придонесеме кон зголемување на искористеност на самите природни капацитети на природните поенцијали на фондовите кои ни стојат на располагање. За на крај да ги ангажираме и афирмираме младите агробизнисмени младите фармери и тука сме во Влада постојано да ги поддржиме, изјави Николовски.

Во таа насока, Агенцијата за финансиска поддршка, неодамна објави  повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци, со акцент на оние млади луѓе кои се невработени за период поголем од две години, како и млади членови на земјоделски задруги.

Приоритет овој пат им се дава на оние млади луѓе кои се занимаваат или сакаат да започнат да работат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи набавка на добиток од увоз или од признати организации. Дополнително, на врвот на листата се искачуваат младите кои се занимаваат или сакаат да започнат со органско производство, без разлика дали е земјоделско или сточарско.

МЗШВ годинава за првпат финасиски поддржува 32 манифестации на локално ниво кои ќе организираат промоција на македонската храна, традиција, култура на руралниот развој, на туризмот. Со финансиска помош од 2 000 евра МЗШВ го поддржа Саемот на млади земјоделци во Свети Николе кој е во организација на Мрежата на млади фармери.

Со влезот во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи. Тоа значи отстранување на царинските бариери и отворање на неограничени можности за младите земјоделци. Влезот во НАТО Алијансата, ќе значи поголема финансиска поддршка од европските фондови кои ќе помогнат за отворање на сопствен агробизнис, нови искуства за примена на модерни технологии.

Земјоделството ќе стане една од основните базични гранки на кои ќе се темели идниот економски раст во Македонија. Младите земјоделци ја имат клучната улога во остварување на оваа цел, а ние како Влада ќе бидеме ваша поддршка во секој чекор.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици