С О О П Ш Т Е Н И Е

23.02.2022 09:10:00


Врз онсова на член 148 став 6 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека во тек е постапка за регистрација на ЗГО  - Заштитена географска ознака „Преспанско јаболко“, а врз основа на поднеснео барање од страна на земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен.

Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има некаков правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објава на ова соопштение.

На линкот подолу може да го преземете елаборатот на производот за кој се бара заштита на географскиот назив „Препсанко јаболко“.

Документи за превземање

Елаборат за Преспанско јаболко
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум