Николовски: Воведуваме нова финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива

04.03.2022 07:15:00


Министерот за земјоделство, шумасртво и водостопанство Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со потсекторската група за житни култури во врска со последните зголемувања на цените на вештачките ѓубрива и изнаоѓање на нови мерки за помош на земјоделците.

На состанок беше договорено преку планираната Програма за интервентен фонд, да се обезбеди финансиска поддршка за производителите на житни култури односно за надополнување на разликата на цените за ѓубриво и на останатите репроматеријали а се со цел да се анулираат зголемените трошоци за ѓубрива, за земјоделците да имаат  рентабилно производство во овие услови на зголемени цени на репроматеријалите.

За оваа намена преку интервентниот фонд кој за прв пат се воведува оваа година, се планирани околу 120 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Конкретно, според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива планирана е поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени  вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

Корисници на оваа подмерка се носители или членови на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен. Услов за користење на оваа финансиска поддршка е  при поднесување на барањата за субвенцијата физичките лица да приложат фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми, а правните лица ќе треба да приложат фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура односно уплатница или извод од банка.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум