Средби со земјоделците во Соколарци и Спанчево за консолидација на земјиштето

22.11.2018 15:48:00


Денеска проектот финансиран од Европската унија - МАИНЛАНД, кој го спроведува ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржа индивидуални средби со земјоделците и сопствениците на земјиште од селата Соколарци и Спанчево - две од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата.

Овие активности се дел од процесот на спроведување на Студиите за изводливост, како прва фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште, кои треба да покажат дали консолидацијата на земјиште е изводлива во секое од идентификуваните потенцијални области низ државата.

На индивидуалните средби кои се во тек, избраните геодетски компании работат директно со земјоделците и локалните заедници на проценка на моменталната состојба на терен, утврдување на подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот на консолидација, идентификување на индивидуалните потреби, како и проверка дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области.

Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во земјоделска инфраструктура согласно потребите во секоја заедница.

Проектот го поддржува целокупниот процес на спроведување на претстојните Студии за изводливост во секоја од избраните области, преку јакнење на капацитетите на геодетските фирми кои ги спроведуваат студиите, внимателно следење на теренските активности и подготовка за активностите што ќе следат во наредните фази од процесот на консолидација на земјиштето.

Утре, заедно со проектот МАИНЛАНД и МЗШВ, геодетските компании ќе остварат средби со земјоделците во селата Царев Двор во Општина Ресен и Логоварди и Оптичари во Општина Битола.

Во врска со проектот:

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште” - или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра). Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.
Повеќе информации за проектот: http://www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/


За повеќе информации во врска со ова соопштение за медиуми контактирајте со:
Радмила Славкова, Национален Експерт за Комуникации (ФАО)
тел: +389 (0)71 21 23 08
E-mail: [email protected]

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици