ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата

29.03.2022 10:10:00


ЈАВЕН КОНКУРС

за доделување на дозволи за давање на јавни услуги

од областа на здравјето на растенијата

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Растенијата како добрa од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21).

 

Нарачател на јавниот конкурс е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа.

 

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Законот за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

 

Јавниот конкурс за доделување на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата трае 8 (осум) работни дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата.

III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА ЗА КОЈА СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа издава дозволи за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата и тоа за следните видови на услуги:

1.1  мониторинг и следење на развојот на штетните организми кои вообичаено се присутни кај растенијата и растителните производи, прогнозирање, одредување оптимални рокови и мерки за заштита;

1.2  интервенирање во случај на ненадејни појави на карантински штетни организми на растенијата, каламитетни појави и епифитоции на штетни оргазними;

1.3 обезбедување метеоролошки, биолошки и други податоци за целта на следењето и прогнозирањето на појавата на штетни организми;

1.4 лабораториски детерминирања и дијагностицирања на штетни организми

1.5  едуцирање на сопствениците и други лица вклучени во спроведување на активностите поврзани со здравјето на растенијата;

1.6 издавање на пасоши за растенија;

1.7  спроведување на научно – истражувачки развојни активности;

1.8  вршење дезинсекција, дезинфекција и дератизација заради здравјето на растенијата;

1.9  вршење на други технички работи;

IV. УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

Даватели на јавни услуги можат да бидат правни ифизички лица кои ги исполнуваат општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

 V. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Рок за поднесување на понудите е 8 (осум) работни денови од денот на неговото објавување.

 

Пријавите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, адреса: ул. Аминта Трети бр.2,  Скопје 1000.

VI. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА ПРИЈАВАТА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Заинтересираните субјекти образецот на пријавата за учество во постапката можат да го превземат од web страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: www.mzsv.gov.mk

Потребна пропратна документација која се доставува кон пријавата:

 

1.             ПРАВНИ ЛИЦА

-              Документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија - ДРД образец (не постар од 6 месеци) ;

-              М1/М2 образец за вработениот стручен кадар;

-              Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

-              Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

 

- Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015);

-  Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги за кои поднесуваат пријави од точка 1.1 до точка 1.9 од делот III од овој конкурс;

 

2.            ФИЗИЧКИ ЛИЦА

- Уверение за завршено високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

- Доказ за најмалку 3 (три) години работно искуство во напред наведените области во струката;

- Докази за исполнување на поблиските услови предвидени во Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011);

- Ценовник по кои давателите на услугите би ги извршувале јавните услуги наведени од точка 1.1 до точка 1.9 од  делот III од  овој конкурс;

 

Документите кои се доставуваат потребно е да бидат оригинал или копии заверени на Нотар.

VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериум за избор за издавање на дозвола за вршење на јавна услуга е исполнување на условите утврдени во Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република  Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14,  158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015) и тоа:

-          пријавениот стручен кадар да има завршено минимум високо образование од областа на земјоделските науки (растително производство) или од областа на шумарските науки;

-          да има минимум три години работно искуство во струката и

-          да бидат исполнети поблиските критериуми утврдени Правилникот за поблиските услови во однос на просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011 и 60/2015).

VIII. ПОСТАПКА

Постапката на отворање и оценување на понудите ја врши Комисија назначена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Отварањето, разгледувањето и оценувањето на пријавте е јавно.

Овластени претставници на субјектите може да бидат приустни на отварањето на пријавите.

Нецелосните понуди може да бидат комплетирани во рок од 8 (осум) дена од приемот на известувањето за некомплетна документација, во спротивно понудата нема да биде разгледувана, за што понудувачите ќе бидат известени.

Дозволата за давање на јавни услуги се издава во форма на решение во рок од 30 (триесет) дена од денот на завршувањето на јавниот конкурс.

Правните и физички лица кои добиле дозвола за вршење на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата склучуваат договор со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

 IX. ПОЧЕТОК И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОЗВОЛАТА

Времетраењето на издадените дозволи за вршење на јавни услуги изнесува 3 (три) години сметано од датумот на издадената дозвола.

X. КОНТАКТ ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ

Контакт лица за обезбедување на дополнителни податоци и информации во врска со постапката за доделување на дозволи за вршење на јавни услуги се:

 

Надица Џерковска, е-маил адреса: [email protected]

Ивица Ангеловски, е-маил адреса: [email protected]

 

XI. ДАТА, МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОТВАРАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите ќе бидат отворени со почеток во 11:00 часот, првиот нареден работен ден по завршувањето на огласот во просториите на Фитосанитарната управа на ул. Аминта Трети бр. 2,  Скопје 1000.

Документи за превземање

Пријава за давање на јавни услуги 2022
Share