ЈАВЕН ПОВИK ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ/САЕМИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РС МАКЕДОНИЈА

31.03.2022 15:15:00


Ј А В Е Н   П О В И К

 

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА  ЛОКАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ/САЕМИ  ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РС МАКЕДОНИЈА

 

I. Предмет на јавниот повик             

 

Доставување на предлог за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија (во понатамошниот текст: предлог за користење).

 

II. Право на учество во постапката          

 

Субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства од техничката поддршка по јавниот повик се: единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопанските комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Закон за задруги или земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделски задруги и/или за трговија со земјоделски производи, кои доставуваат предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.

 

III. Содржина на предлогот и потребна документација  

  

Предлогот за користење на техничка поддршка особено содржи:

  1. Податоци за предлагачот;
  2. Назив и резиме на предлогот;
  3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби,  поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);
  4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
  5. Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот;
  6. Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција;
  7. Доказ за пријавени најмалку 20 учесници/изложувачи на локалната манифестација/саемот.

Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:

  1. Тековна состојба од Централен регистар на РС Македонија;
  2. Препораки или други докази за претходна имплементација на други сродни предлози;
  3. Доказ од Централен регистар на РС Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;
  4. Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
  5. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.

IV. Доставување на предлогот за користење на техничка поддршка

 

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок потпишан од овластено лице на предложувачот. Еден предложувач може да учествува во постапката за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија  само со еден предлог за користење.

Предлозите може да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со краен рок за поднесување до ( 22.04.2022 година).

Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, со назнака  Сектор за рурален развој.

 

V. Прифатливи трошоци

 

Техничка поддршка за организирање и спроведување на манифестации и саеми се доделува за :

-       Трошоци за закуп на простор (физички или виртуелен) за изложување на земјоделски производи (примарни и преработени );

-       Трошоци за изнајмување на штандови и/или бина, уредување и опремување на изложбениот дел (аудио и видео опрема ) и/или

-       Трошоци за промотивен материјал (покани, постери, летоци, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама, како и закуп на медиумски простор за промоција) за манифестацијата/саемот и

-       Трошоци за изложбен производ - примарни и преработени наменети за манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија.

 

VI. Постапка за избор на корисници и прифатливи предлози

 

Постапката за избор на корисници по јавниот повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Изборот на предлозите ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови:

 

Критериум

Бод

1

Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството

30

2

Одржливост по реализација на поддршката

25

3

Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството

15

4

Сопствено или учество од други извори на финансирање

15

5

Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на  партнерство со поголем број на корисници

10

6

Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка

5

 

Прифатливи предлози се предлозите кои по изборот од страна на комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.

 

VII. Начин на доделување  и висина на исплата на техничка поддршка

 

Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација/саем  по корисник.

Техничката поддршка и висината на одобрената сума ќе биде утврдена врз основа на  склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.

Активноста се реализира по склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума,  но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а се до исцрпување на средства предвидени во дел II став (2)  точка 1 потточка 1.1 од Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 („Службен весник на РС Македонија“ 64/22 ).

Корисникот на средствата се обврзува за искористените средства да достави извештај за реализираната активност пропратен со финансиска документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: Министерството) во рок од 10 дена по завршување на активноста.

 

VIII. Прилози на јавниот повик

 

За подготовка на предлогот за користење, Министерството на веб страната [email protected] објавува детално Упатство за изработка на предлогот за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија.

Организаторот на  манифестацијата/саемот е должен покрај логото на нивната институција да биде истакнато и логото на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Дополнителни информации може да се добијат во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/ 3134477 локал 204 или на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  www.mzsv.gov.mk

 

Документи за превземање

Упатство за изработка на предлогот за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во РС Македонија
Share