Јавен повик за доделување концесијата на рибите за вршење стопански риболов и за за организирање на рекреативен риболов

23.11.2018 11:43:00


Врз основа на донесените Oдлуки за започнување на постапки за доделување на рибите на концесија за вршење стопански и организирање рекреативен риболов на повеќе риболовни води од Владата на Република Македонија. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави два Јавни повика:

  1. Јавен повик за доделување концесијата на рибите за вршење стопански риболов за период од шест години на:a

-       Риболовно подрачје Охридско Езеро - ја опфаќа целата површина на Охридското Езеро освен освен во изворите кај Св. Наум и во каналот “Студенчишта“ и на определената рекреативна зона.

-       Риболовно подрачје Дојранско Езеро - ја опфаќа целата површина на Дојранското Езеро која припаѓа на територијата на Република Македонија освен делот на кој се организира рекреативен риболов.

  1. Јавен повик за доделување концесијата на рибите за организирање на рекреативен риболов за период од шест години на:

-       Риболовен ревир Црна Река 1 – Демир Хисарски – го опфаќа делот на Црна Река од изворот до мостот кај с. Бучин (мостот е граница) со сите притоки на Црна Река во тој дел и микроакумулацијата “Стругово” во општина Демир Хисар

-       Риболовен ревир Црн Дрим 2 – го опфаќа течението на реката Црн Дрим од браната на вештачкото езеро - акумулација Глобочица, низводно до вливот во вештачкото езеро - акумулација Дебарско езеро (Шпиље), 500 m низводно од мостот кој се наоѓа северно од хидроцентралата “Глобочица”. Во ревирот припаѓаат и реките: Јабланичка Река, од изворите до вливот во реката Црн Дрим и Модричка Река, од изворите до вливот во реката Црн Дрим.

-       Риболовен ревир Охридски слив – го опфаќа течението на реките Сатеска, од изворот до регулациониот објект северно од с. Волино, Каналот на реката Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино до вливот во Охридкото Езеро, Песочанка Река, од изворот до вливот во р. Сатеска, Голема Река, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица создадена од водите на изворите во селото Издеглавје и Слатинска река наречена ” Поток “, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица создадена од водите кои истекуваат од Сини Вирој, од изворот до вливот во Голема Река, Коселска Река, од изворот до вливот во Охридско Езеро, Река Ќерава, од границата со Република Албанија до вливот во Охридско Езеро, сите токови кои се вливаат во Охридското Езеро, како и вештачките езера - акумулации - Требенишко и Слатинско

-       Риболовен ревир Злетовска Река – ја опфаќа цела Злетовска Река од браната на акумулацијата “Кнежево” до вливот во реката Брегалница, вклучително и сите притоки, акумулацијата „Пишица” како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов, доколку не претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети.

-       Риболовен ревир Треска 1 - Кичевски – го опфаќа делот од реката Треска од изворот до мостот на патот кој води од Кичево до с. Пласница (мостот е граница) со сите притоки на реката во тој дел од текот .

-       Рекреативна зона Акумулација Матка – ја опфаќа целата водена површина на вештачкото езеро – акумулација Матка вклучувајќи го и делот на реката Треска кој се наоѓа помеѓу браната Света Петка (Матка 2) и вливот во акумулацијата Матка.

-       Рекреативна зона “Охридско Езеро“ - ги опфаќа деловите на кои се организира рекреативен риболов од брег, од всидрен пловен објект и од пловен објект во движење.

-       Рекреативна зона Дојранско Езеро - ги опфаќа деловите на Дојранското Езеро кои припаѓаат на Република Македонија на кои се организира рекреативен риболов од брег на целата брегова линија и од всидрен пловен објект на целата брегова линија на Дојранското Езеро на оддалеченост до 35 м од појасот со трска или до 50 м од брегот каде што нема трска, освен на определениот дел за вршење традиционален риболов како “простор за мандри“, од местото викано “Скелето“ до местото викано “Цилево“ (крајот), како и сите води кои директно се влеваат во Дојранското Езеро и нивните притоки.

 

Со доделувањето на концесиите на рибите од риболовните води се овозможува користење на рибите преку одржлив развој за стопански, рекреативен и спортски риболов, односно вршење стопански риболов.

Концесијата на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се доделува за период од шест години.

Краен рок за поднесување на понудите е 24.12.2018 година до 10:00 часот.

Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.

Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Документи за превземање

ЈП Стопански риболов
ЈП Рекреативен риболов
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици