Планот за производство на храна презентиран пред жителите на општина Чашка, даваме голема финансиска поддршка за сточарите и одгледвачите на овци

07.05.2022 14:15:00


Во овие моменти на светска криза постојано сме во консултација со земјоделците. Целиот капацитет на министерството е ставен на располагање на секој еден земјоделец, во секое време.  Заедно рамо до рамо со земјоделците, успешно се бориме со кризата во која се наоѓаме. 

Како дел од теренската кампања за презентација на мерките од Националниот план за производство на храна, државниот советник Трајан Димковски и директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски денес остварија средба со земјоделците од општина Чашка.

Во селото Тетово остварија посета на сточната фарма од Љубе Јовановски, долгогодишен одгледувач на овци, кој заедно со своето семејство работи и живее од земјоделството. Љубе заедно со своето семејство одгледуваат повеќе од 1200 грла овци и обработуваат житни култури. Со Интервентниот фонд донесовме мерки за поддршка за одлгедувачите на овци, па така ја зголемивме подмерката за обележани грла овци од сите категории од 1.000 денари на 1.200 денари за грло овца. Преку нова интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет даваме дополнителна поддршка на сточарите.

 

На средбата во селото Голозинци пред земјоделците беа презентирани мерките од Националниот план за производство на храна. Планот има за цел стабилно и зголемено домашно производство на стратешки клултури и намалување на увозната зависност. Земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар.

Распишани се и веќе течат пет јавни повици преку програмата за рурален развој, за набавка на трактор, набавка на мандри, силоси, опрема за тутун и рурална жена. Повиците се отворени, а крајниот рок за поднесување е до 20 мај. 

Еден од повиците кои беше презентиран пред земјоделците беше повикот за изградба на мандри кои им помага на одгледувачите на добиток за инвестиции во градба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка на млеко во бачилата. Максималниот износ на оваа поддршката е до 600.000 денари по корисник.

Ги повикваме сите земјоделци да ги следат роковите и да ги искористат максимално мерките кои се подготвени во Националниот план за производство на храна.

 

Share