Николовски: Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади

17.05.2022 18:30:00


На својата редовна 45-та седница Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за распишување на четири јавни огласи за ставање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари.

Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на замјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

“Не оставаме ниту една педа земјоделско земјиште не обработена. Распишуваме нови четири јавни огласи преку и на располагање ставаме 4.294 хектари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, за подигнување на долгогодишни насади, распределени во 31 регион низ државата. Подготвуваме и два нови јавни огласи, што ќе следат во месец мај, за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Едниот јавен оглас со намена за одгледување на сточна храна, а вториот јавен оглас за сите намени согласно Законот за земјоделско земјиште“ изјави министерот Николовски.

Наша цел, како министерство, е зголемено домашно производство. Заврши постапката за аплицирање на јавниот оглас со кој на располагање ставивме дополнителни 5.722 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка пред се на стратешки житни култури, распределени во 14 региони низ државата. За овој јавен оглас интересот на земјоделците беше голем. Пристигнати се рекордни 235 апликации, што претставува до сега најголем број поднесени апликации на оглас за закуп на земјоделско земјиште.

“Оваа бројка ме прави среќен, затоа што успеавме во нашата цел поставена во Националниот план за производство на храна кој го донесовме. Големиот интерес значи зголемено домашно производство на стратешки култури, значи и намалена увозна зависност на државата. Среќен сум што преку директните контакти со земјоделците кои целиот овој месец ги имаме, успаевме да ги информираме и мотивираме максимално да ги искористат мерките кои им се нудат“ изјави министерот Николовски.

Министерот Љупчо Николовски заедно со тимот од министерството секојдневно ги продолжуваат теренските средби, слушајќи ги земјоделците креирајќи заедно мерки за поддршка на секој земјоделец.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици