Заедно со производителите на млеко го одбележавме светскиот ден на млекото 1. јуни, во дворот на компанијата „Бимилк“ Николовски: Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди

01.06.2022 16:33:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше чест да се обрати на настан по повод 1. јуни Светски ден на млекото. Настанот се одржа во дворот на компанијата „Бимилк“, во Битола, во присуство на менџерскиот тим на Бимилкпретставници на институции и бројни кооперанти - производители на млеко.

„Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме она што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со Заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме. Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди. Единствена земја во регионот во која вештачко ѓубриво се субвенционира со 40%, поддршката за зелена нафта сега, со ребалансот ќе се измени до 100% . Интервентен фонд не постои во ниедна друга земја, а ние оваа година имаме 15 милиони евра плус за интервентниот фонд. Тоа е обврска и за сите сточари и за сите земјоделци, да се усогласиме и заедно да ги менуваме работите и да се приклучиме на сите трендови“ изјави министерот Николовски и им порача на присутните млекопроизводители да не се грижат за исплатата на субвенциите, обезбедени се 500 милиони денари за исплата на млекопроизводителите за сите фази.

Во своето обраќање министерот Николовски ги потенцираше сите мерки кои министерството ги превзема за поддршка на млекопроизводителите и сточарите со посебен осврт на новиот модел на субвенционирање. 

„Од оваа година почнува пилот проект за авансно субвенционирање најпрво во овоштарството а од 2023 за сите земјоделци, со кое ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30% од сумата, а останатите 70% ќе ги добиваат како и досега. Со ова ќе започне исплата на субвенциите од оваа за оваа година, нема да чекате до следната година за да ги добиете субвенциите“ рече Николовски.

Министерството превзеде низа мерки за поддршка на сточарите. Со новата Програма за директни плаќања ги зголемивме субвенциите во сточарството. Ја зголемивме поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и исто така ја зголемивме и субвенцијата кај обележани грла овци од 1000 на 1200 денари. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко. Производителите на кравјо млеко кои произведуваат млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко исто така ја зголемивме од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко. На овој начин се стимулираат производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што  ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото

Во услови на економска криза, преку Интервентиот фонд воведовме интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари  до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им помагаме полесно да ја надминат економската криза.

Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинските млечни раси. Ова е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал. Сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме и зголемено производство на млеко. Потпишани се договори со 103 баратели кои ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари со кои сточарите ќе можат да набават вкупно 3842 грла високопедигриран добиток.

За сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна. За таа цел, во подготовка се и нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 ха, од кои едниот ќе биде наменет за одгледување на сточна храна.

Воедно, министерот Николовски упати честитки до компанијата „Бимилк“ по повод јубилејот, 70 години од нивното постоење.

 

Share