ЈАВЕН КOНКУРС за изработка на риболовни основи

17.06.2022 13:45:00


ЈАВЕН КOНКУРС

за изработка на риболовни основи

 

I.          ПРЕДМЕТ

1.1.       Предмет на овој јавен конкурс е изработка на риболовни основи за следните риболовните води:

 

1.1.1.

Охридско Езеро и слив на Охридско Езеро

1.1.15.

вештачко езеро – акумулација Шпилје

1.1.2.

Преспанско Езеро и слив на Преспанско Езеро

1.1.16.

вештачко езеро – акумулација Турија

1.1.3.

Дојранско Езеро и слив на Дојранско Езеро

1.1.17.

вештачко езеро – акумулација Водоча

1.114.

вештачко езеро – акумулација Стрежево

1.1.18.

вештачко езеро – акумулација Калиманци

1.1.5.

вештачко езеро – акумулација Младост

1.1.19.

вештачко езеро – акумулација Градче

1.1.6.

вештачко езеро – акумулација Мавровица

1.1.20.

Слив на река Црн Дрим

1.1.7.

вештачко езеро – акумулација Глобочица

1.1.21.

Слив на река Треска

1.1.8.

вештачко езеро – акумулација Липково

1.1.22.

Слив на река Струмица

1.1.9.         

вештачко езеро – акумулација Глажња

1.1.23.

Слив на река Пчиња

1.1.10.         

вештачко езеро – акумулација Ратево (Беровско Езеро)

1.1.24.

Слив на река Вардар – Горно течение

1.1.11.

вештачко езеро – акумулација Паљурци

1.1.25.

Слив на река Вардар – Средно течение

1.1.12.

вештачко езеро – акумулација Козјак

1.1.26.

Слив на река Вардар – Долно течение

1.1.13.

вештачко езеро – акумулација Мантово

1.1.27.

Слив на Река Брегалница

1.1.14.

вештачки езера – акумулации Конче 1 и 3    

1.1.28.

Слив на Црна Река

1.2. Риболовните основи се изработуваат согласно Правилникот за содржината на риболовната основа (“Сл. Весник на Република Македонија” бр. 54/2008) а особено содржат:

 

-           податоци за риболовната вода;

-           основни хидрографски, физичко-хемиски и биолошки карактеристики на риболовната вода;

-           видови и количини на рибите - ихтиомаса;

-           мерки за заштита и одржување на рибите;

-           количини на дозволен лов по видови риби;

-           време во кој е дозволен лов на рибите и најмалата големина на рибите под која не смеат да се ловат по видови;

-           минимум и максимум риболовни средства;

-           програма на порибување (време, количина и видови на риби)

-           мерки за заштита на природните плодишта;

-           економска основа за користење на риболовната вода со предлог за висина на надомест;

-           организација на рибочуварска служба и

-           определување на риболовни подрачја, риболовни зони, риболовни ревири и рекреативни зони и модел за стопанисување.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

2.1. Право на учество на јавниот конкурс имаат овластените установи за вршење на работи од областа на рибарството согласно Законот за рибарство и аквакултура (“Сл.Весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15,  193/15, 39/16 и 83/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 150/21).

 

III. РОК НА ИЗРАБОТКА

 

3.1 Максималниот рок на изработка на финалната верзија на риболовните основи е 120 дена од денот на склучување на договорот за изработка на риболовните основи. Во рамките на овие 120 дена, пред донесување на риболовните основи, понудувачот е должен да ја запознае јавноста со содржината на нацртот на риболовните основи.

 

IV. ИЗНОС  НА СРЕДСТВА

 

4.1. Средствата предвидени за изработка на риболовните основи од дел I на овој јавен конкурс изнесуваат 600.000,00 (шестотини илјади) денари.  

Максималниот износ за авансна исплата не може да изнесува повеќе од 20% од понудената цена.

V. ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР

 

5.1 Постапката за избор на најповолен понудувач ќе се спроведе и доколку на конкурсот конкурира само еден понудувач.

5.2.Постапката ја спроведува комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

5.3.Критериум за избор на најповолен понудувач е најниската понудената цена за изработка на риболовните основи.

 

VII. СОДРЖИНА НА ПОНУДИТЕ

 

6.1. Понудата седоставува на образец на понуда.

6.2. Кон понудата се дoставува тековна состојба на правно лице издадена од Централен регистар.

6.3. Образецот на понудата ќе може да се преземе од веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

                                               

VII. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

 

7.1. Понудата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан  од страна на одговорното лице на понудувачот.

7.2. Понудата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа за јавен конкурс за изработка на риболовни основи.

7.3.Секој понудувач има право да достави смо една понуда.

7.4. Крајниот рок на доставување на понудата е најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот конкурс вклучувајќи го и денот на објавување. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

7.5. Понудите кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен конкурс, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. 

 

Документи за превземање

ОБРАЗЕЦ на понуда за изработка на риболовни основи
Share