Покана за јавни консултации за драфт верзиите на Стратегијата за одржлив развој на шумарството и новиот Закон за шумите

13.07.2022 09:30:00


Почитувани колеги и сите останти заинтересирани!

Во рамки на ЕУ-проектот „Поддршка на реформите во политиката и законската рамка во шумарството во Северна Македонија“, во изминативе 8 месеци интензивно се работеше на развој на трите барани резултати од проектот:

1. Предлог на ревидиранaта Стратегија за одржлив развој на шумарството во Северна Македонија (2006 - 2026) врз основа на тековниот стратешки документ подготвен за усвојување до Владата;

2. Предлог за нов Закон за шуми базиран на националните карактеритики и барањата на ЕУ acquis, подготвен да биде доставен до МЗШВ за негово подоцнежно доставување до процедура за усвојување (по официјана јавна расправа); и

3. Предлог за новата Национална програма за шумарство за имплементација на Стратегијата и соодветните одредби од Законот за шуми, , подготвена да се достави до МЗШВ за подоцна да се достави на усвојување до Владата (по усвојување на Законот за шуми).

Предлог-резултатите се развиени врз основа на продлабочено познавање на националната состојба, потребите и можностите користејќи стандардни принципи на современите реформи во шумарството и речиси 30-годишно искуство во реформите во шумарските сектори на Западен Балкан и Европските барања и стратешки насоки. Резултатите, сега во конечни работни верзии, се развиени во тесна соработка со техничката работна група и усвоени од работната група за донесување одлуки на проектот, составена од претставници на сите клучни засегнати страни. Развојниот процес беше целосно транспарентен; сите работни верзии на документите беа достапни на интернет.

Со цел да се спроведат јавни консултации за предлог-проектните резултати, со главен фокус на Законот за шуми, планираме пет регионални работилници во периодот помеѓу 14 и 21 јули 2022 година.

Со цел да се овозможи активно вклучување на сите учесници во консултациите, планираме работилниците да ги спроведеме на партиципативен начин, откако ќе бидат презентирани главните предлози на реформските решенија. Тие ќе вклучуваат:

а) Реформа на институциите/организациите во шумарскиот сектор,

б) Реформа во системот за финансирање на шумарството,

в) Реформа во системите за управување со шумите,

г) Реформа на други клучни материјални одредби во Законот за шуми. На следниот линк https://1drv.ms/u/s!AmyEuZ-BtF1slEdvOtWbo7r-TgJg?e=RuP7Pr (Документи за јавни консултации) горенаведените документи ќе ги најдете во конечна работна предлог-форма од 12 јули (15.00 часот) па натаму.

Во случај да не бидете во можност за да присуствувате на работилницата, Ве охрабруваме и поттикуваме да ни ги доставите Вашите коментари и предлози за подобрување на овие три документи.

За потребите на овие јавни консултации, Ве покануваме на:

Работилница 1: 14.07.2022 година (четврток) со почеток од 10:00 часот во Хотел Манастир, Берово.

Работилница 2: 15.07.2022 година (петок) со почеток од 10:00 часот во Мултимедијален Центар Канал 77, Штип.

Работилница 3: 18.07.2022 година (понеделник) со почеток од 11:00 часот во Хотел Молика, Пелистер, Битола.

Работилница 4: 19.07.2022 година (вторник) со почеток од 10:00 часот во Хотел Mia’s Favorite Hotel, Маврово.

Финалниот состанок е закажан за 21.07.2022 (четврток) со почеток од 10:00 часот во Хотел Панорамика, Скопје.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум