9 милиони денари финасиска поддршка за изградба на земјоделски патишта во 13 населени места

27.07.2022 15:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ључо Николовски денеска во Струмица ги додели договорите за финансиска поддршка на планските региони за изградба на инфрастуктура за пристап до земјоделско земјиште.

На јавниот повик апликации доставија и истите се одобрени од пет плански региони, Вардарскиот, Североисточниот, Југоисточниот, Источниот и Пелагонискиот, со одобрена проектна апликација од осум општини Струмица, Велес, Демир Капија, Росоман, Крива Паланка, Богданци, Делчево и Битола. Поддржани се проекти со вкупна вредност од 9 милиони денари, за изградба на земјоделски патишта во 13 наслени места. 

Оваа мерка е значајна за земјоделците. Мерка која директно им помага, олеснувајќи им го секојдневното извршување на активностите при процесот на производство, поцентираше во своето обраќање министерот Николовски.

Преку оваа мерка од 2018 до 2022 година, МЗШВ заедно со Платежната Агенција имаат поддржано 109 проекти на општините за изградба на земјоделски патишта во вредност од 92,5 милиони денари.

Дополнително МЗШВ преку Програмата за рурален развој со мерките 321, 322 и 323 обезбедува финансиска поддршка на општините за обнова и развој на селата, зачувувување на традиционалните вредности, како и развивање на руралниот туризам. Со последниот повик од 2018 година за унапредување на руралниот развој, поддржани се вкупно 206 проекти на општините со вкупна вредност од 40 милиони евра.

Министерот Николовски ги охрабри планските региони и единиците на локалната самоуправа да продолжат да подготвуваат проекти со кои ќе го унапрадуваат животот на граѓаните во руралните средини поддржани од министерството и Владата. 

Share