Николовски: Најавуваме нов модел на субвенционирање насочен кон вистинските земјоделци

12.09.2022 17:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес на седницата на Агро Советот пред членовите ја презентираше првата работна верзија за новиот модел на субвенционирање во земјоделието.

Едногласно членовите на Агро Советот ја прифатија иницијативата за започнување на процесот за измена на моделот за субвенционирање, одобрувајќи ја првата работна верзија на предлогот. Со ова започна широкиот консултативен процес во кој министерството, заедно со Агро Советот и подсекторските групи, ќе го подготви финалниот предлог модел за субвенционирање во земјоделството.

Моделот кој денес министерот Николовски го презентираше пред членовите на Агро Советот, се води според декаплинг моделот, односно се предлага субвенционирање на тоа што пазарот го бара и тоа што треба да се произведува. Фокусот се става за зголемување на домашното производството за оние производи што се извезуваат, поддршка во зголемување на приносот, а со тоа и намалување на увозната зависност од стратешки култури.

Според предложениот прв работен концепт субвенциите се делат на основни и дополнителни субвенции. Односно основи субвенции добиваат сите земјоделци за одржување на површините и производството, а дополнителната поддршка е предвидена за стратешките прпизводи и култури, преку остварување на зголемен принос и предавање на производството во домашни капацитети.

Досегашната поддршка на земјоделците не се крати, туку се распределува во повеќе програми преку воведување дополнителни услови и критериуми за да имаме зголемено производство на храна.

Предложениот концепт ги става сите чинители во еден систем, односно земјоделците своето производството ќе треба да го предадат во регистиран капацитет, на тој начин ќе нема трговци што ќе откупат на црно, со што ја спречуваме појавата на сива економија.  

Кај сточарството се предлага зголемување на поддршката и се предлага исплатата  да се однесува по грло за основно стадо. На овој начин можностите за злопуотреба се намалуваат, бидејќи овозможуваме можност за поголеми контроли во подолг период. Дополнително ислатата за предадено мелко се предлага да се врши преку Интервентната програма, на овој начин сточарите парите за предадено млеко ќе ги добиваат побрзо, месец за месец.

Програмата за Рурален развој е предвидено да прерасне во инвестициска програма за поддршка на малите производители и на регистрираните земјоделци. Поркај мерките за млад земојделец, и рурална жена, се прредвидува нова мерка за поддршка на бизнис план до 10.000 евра, каде се планира поддршка на помалите фармери чија основна дејност е земјоделтвото, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Како нова мерка ќе стартува и поддршката во ангажирњето на советодавни услуги, кој ќе им помогнат на земјоделците полесно да ги следат сите повици и навремено да аплицираат на нив. Предлагаме и нова  мерка за поддршка во смарт земјоделство каде ќе поддржиме инвестиции во примена на модерни ИТ технологии за автоматизирање на производството.

Со предлогот предвидуваме посебна програма за задруги со зголемена поддршка за земјоделските задруги, односно развој на задругите за преработки во финални производи.

Кај органското производство предлагаме како корисници на оваа мерка да бидат земјоделски стопанства кои имаат сертифициран растителен или сточарски органски производ. Предлагаме наместо процентуална исплата по хектар како до сега, да се врши исплата по произведен килограм или литар органски производ.

Преку формирање на осигурителен пул од државата, работиме и на системко решавање на проблемот со штетите од природни непогоди, каде ќе биде осигурано земјоделското производство.

Сите овие предлози членовите на Агро Советот едногласно ги одобрија и ги оценија како значајна реформа во земјоделскиот сектор со која се решаваат долгогодишните проблеми на земјоделците и се развива македонското земјоделство.

Наша цел е во наредниот период заедно со земјоделците и стручната јавност да креираме модел за субвенционирање кој ќе биде побрз и земјоделците навремено ќе ги добиваат своите пари, модел кој нема да создава нови долгови, контролиран модел кој ќе биде применлив и ќе ги даде очекуваните резулатати. 

 

Share