ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2018 за пополнување на работни места со постапка за унапредување

18.12.2018 13:00:00


Врз основа на член 30, член 48 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016,142/2016 и 11/2018), Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија" бр. 11/2015) и Правилник за систематизација на работните места во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 04-6379/1 од 01.06.2015 година со измените, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2018 за пополнување на работни места со постапка за унапредување

Ce распишува интерен оглас за пополнување на работни места со постапка за унапредување и тоа:

1. Државен советник за рурален развој - 1 (еден) извршител

2. Раководител на Сектор за анализа на земјоделска политика - Сектор за анализа нa земјоделска политика - 1 (еден) извршител

3. Раководител на одделение за консолидација на земјоделско земјиште - Одделение за консолидација на земјоделско земјиште, Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели -1 (еден )извршител

4. Советник за нормативно-правни работи - Одделение за нормативно-правни работи, Сектор за нормативно-правни работи

5. Советник за заштита на шумите од абиотски фактори - Одделение за заштита на шумите од биотски и абиотски фактори, Сектор за шумарство и ловство -1 (еден) извршител

6. Советник за водење на евиденција на регистрирано земјоделско земјиште - Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште, Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост -1 (еден)извршител

7. Советник за водење на евиденција на завршени прекршочни постапки - Одделение за следење на извршување на прекршоците, Сектор за прекршоци - 1 (еден) извршител

8. Советник за билатерална соработка - Одделение за билатерална соработка, Сектор за меѓународна соработка -1 (еден) извршител

9. Советник за следење на развојот на човечки ресурси - Одделение за развој на човечки ресурси, Сектор за човечки ресурси -1 (еден) извршител

10. Помлад соработник за развој на винарството — Одделение за винарство, Сектор за лозарство, винарство и овоштарство -1 (еден)извршител

Документи за превземање

ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2018
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици