Предупредување за обилни врнежи за периодот од 12-ти до 17-ти мај година

11.05.2019 12:00:00


Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.

Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.

Ваквите временски услови и понатаму не е поволни за пчеларството, заради интензивниот пролетен развој каде потребите од чести излетувања и носењето на храна се многу големи, а ветровитото и врнежливо време тоа не им го дозволува.

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици