ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД

17.05.2019 13:30:00


 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Зоотехниката е регулирана согласно Законот за сточарството (,,Службен весник на РМ” бр. 07/08, 116/10,  23/13, 149/15 и 39/16).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество на јавниот конкурс имаат овластени субјекти за вршење на  јавни услуги од областа на сточарството.

Јавниот конкурс за давател  на јавните услуги - спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведување на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2019 година трае 5 (пет) дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е донесување на Решение за избор на овластен субјект за давање на услуги за спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведување на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2019 година.

III. ВИД НА ЈАВНА УСЛУГА

Спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведување на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2019 година.

Деловите се деливи и тоа:

-        Говедарство

-        Овчарство

-        Козарство

-        Свињарство

-        Пчелартсво

-        Живинарство и

-        Коњарство


Понудите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со адреса на улица Аминта Трети број 2.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворени коверти, на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката: не отварај, називот на конкурсот.

Доколку еден понудувач истовремено конкурира за повеќе делови од ЗОПОД треба да достави понуда за секој дел во различни коверти. 

Краен рок за поднесување на понудите е 5 (пет)  дена од денот на објавување на јавниот конкурс во дневниот печат/сајтот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Документи за превземање

Јавен конкурс ЗОПОД 2019
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици