Северна Македонија подготвена за национален мониторинг на шумите

15.05.2019 13:01:00


Северна Македонија бележи важно достигнување во одржливото управување со шумите. Со дизајниран систем за мониторинг на шумите, земјата сега може да преземе понатамошни чекори за подобрување на политиките и донесувањето одлуки во насока на зголемување на придонесот на македонските шуми во националниот одржлив развој.

Дизајнирање на најмодерен систем за следење на шумите, прилагоден на потребите и условите на земјата, беше во фокусот на двегодишниот проект на ФАО и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кој завршува со работилница во Скопје денес. Повеќе од 40 претставници од клучни министерства, национални институции во секторот шумарство, агенции, академијата, граѓанскиот сектор, меѓународни партнери и медиуми се дел од работилницата чијашто цел е презентација на предлог дизајнот на националниот систем за следење на шумите, вклучително неговите различни аспекти и можните опции за имплементација.

Неефикасно управување со шумските ресурси и недостаток на точни податоци се клучни предизвици во македонскиот шумарски сектор. Во исто време, обврските на земјата кои произлегуваат од Парискиот договор, Агендата 2030 и претпристапниот процес кон Европската Унија наметнуваат значителни барања во шумарскиот сектор од аспект на заштита на животната средина, одржливоста, како и економски аспекти. За адресирање на овие прашања, ФАО работеше со МЗШВ и со Шумарскиот Факултет во Скопје на процена на методологијата за спроведување на националниот инвентар на шуми, зајакнување на знаењето и воспоставување на широк консензус во врска со следење на статусот, користењето и промените во македонските шуми со текот на времето.

Беше спроведено детално истражување со далечинско снимање, користејќи сателити со висока резолуција за да генерираат информации за користењето и промената на земјиштето. Наодите покажуваат дека шумите (43 проценти) и други површини под шума (16,8 проценти) сочинуваат повеќе од половина од територијата на земјата, потврдувајќи го економското, социјалното и еколошкото значење на шумарскиот сектор во Северна Македонија.

На отворањето на работилницата, Нефрус Челику, Државен секретар при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство истакна дека шумарството е огромен ресурс кој обезбедува голем потенцијал во поглед на класичните шумски производи и разните екосистеми. Тој додаде дека политичките и економските промени во Република Северна Македонија во поглед на интеграциските процеси кон ЕУ, бараат сеопфатен фокус на реформите во управувањето со шумите, политиките и практиките земајќи ги предвид заштитата на животната средина, биодиверзитетот и климатските промени. Оттука, овој проект е важна основа за систематско планирање на шумите и шумски информациски систем кои и е потребен на земјата, заклучи тој.

"Од сега па натаму, мониторингот на македонските шуми може да се врши со современи методи кои обезбедуваат сигурни и точни информации", истакна офицерот на ФАО за шумарство, Норберт Винклер-Ратоњи. "Само висококвалитетни информации може да се искористат за мултифункционално национално планирање, политики и носење одлуки за решавање на сегашните и идните прашања поврзани со шумарството, како и исполнување на меѓународните обврски за известување поврзани со заштитата на биолошката разновидност и ублажувањето на климатските промени".

Винклер- Ратоњи изрази надеж за континуирана соработка во блиска иднина. "Дизајнот на националниот инвентар на шуми отвора можности за зајакнување на националните капацитети и заедничка работа за ефективно управување со и одржлив развој на шумарството во Северна Македонија", истакна тој.

Тој додаде дека, врз основа на тековните напори, ФАО се подготвени за соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и национални и меѓународни партнери во следната фаза на имплементација на шумарски мониторинг и информациски систем.


 

ЛИНКОВИ:

ФАО Шумарство

http://www.fao.org/forestry/en/    

Доброволни упатства на ФАО за национален мониторинг на шуми

http://www.fao.org/3/a-i6767e.pdf   

Глобална проценка на шумските ресурси, 2015: Северна Македонија

http://www.fao.org/3/a-az351e.pdf   

ФАО проценка на глобалните шумски ресурси

http://www.fao.org/forest-resources-assessment/en/  

ФАО Публикации за шумарство

http://www.fao.org/forestry/communication-toolkit/76389/en/  

 

Алатки за одржливо управување со шумите

http://www.fao.org/sustainable-forest-management/toolbox/en/  

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици