Откупот на праски се одвива непречено, 60 отсто од извозот е наменет за рускиот пазар

17.06.2019 13:00:00


Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев,  Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман, ги посетија откупните пунктови за праски.

Откупот на праски се одвива непречено, 60 отсто од производството се извезува во Русија, но извоз има и во Косово и Црна Гора. Откупната цена на праските е според квалитетот и се движи од 15 до 20 денари. 

„Околу 60 отсто од вкупниот извоз на праски оди на рускиот пазар, проблемите за извоз во Руската федерација се надминати. Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, исто така и Државната фитосанитарна лабораторија дежура и во  сабота и недела за примање и издавање на анализи за да бидеме експедивни,  со цел производот да се извезе и да  нема застој. Цената се движи во зависност од квалитетот“, изјави Трајан Димковски од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев посочи дека во текот на денешниот ден е купена целата роба што е понудена за откуп, дека доволно заинтересирани откупувачи и очекува целото производство да биде откупено.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, изјави дека дека инспекторите се постојано на терен, се земаат мостри за габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје, и засега сите резултати се негативни и праските се извезуваат на рускиот пазар.

Во текот на оваа недела  МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а  ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици