Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски официјално ја предаде функцијата на новиот министер Димковски

01.07.2019 16:00:00


Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференција Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека дека што се вети  2016 година, веќе се заокружуваме, како што е редовна и целосна исплата на субвенциите, „зелена нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните

„Сите одлуки ги носевме заедно со земјоделците, ги следевме нивните потреби и создававме услови за развој на секторот. Го отворивме Министерството за соработка со сите релевантни чинители и ги поттикнавме професионалците. Работев посветено, вложувајќи се максимално, со сиот мој капацитет, иако можеби можеше многу повеќе и подобро. Ми беше голема чест и задоволство овие две години да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и да придонесам во политиките и мерките за развој на овој сектор. Заедно со сега новиот министер Димковски и со целиот мој тим посветено и неуморно работевме за да донесеме трајни решенија за наследените проблеми, да создадеме услови за развој на едно модерно и современо земјоделство, за зголемено производство и за повисоки приходи за нашите земјоделци. Јас сум убеден дека Димковски успешно ќе ги продолжи започнатите мерки и процеси, затоа што е човек којшто директно заедно со мене учествуваше во креирањето на политики и затоа што доаѓа од земјоделскиот сектор“, изјави Николовски.

При тоа, Николовски го презентираше дел од мерките и политиките кои се преземаа во изминатите две години за развој на земјоделството и справување со заткенатите проблеми.

Две години по ред, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, пред почетокот на новата производствена сезона. Исплатени се наследените долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година, а парарлено редовно се исплаќаат тековните субвенции. По овој основ досега се исплатени близу 290 милиони евра.

За прв пат се воведе нова мерка за поекономично земјоделското производство, а тоа е зелената нафта. МЗШВ финансира 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Со оваа мерка се враќаат 200 милиони денари кај 55.000 земјоделци. Се воведе нов модел за повисока поддршка на тутунот, а фокусот меѓудругото како што појасни Николовски се стави на младите фармери и на правилната распределба на државното земјоделско земјиште.

Николовски потенцираше дека се започнати крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура.  Минатата недела започна изградбата на модерниот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза. Само со овој систем се овозможува навремена достапност на вода за наводнување на над 2.000 хектари. Со сите започнати капитални инвестиции ќе се овозможи наводнување на вкупно 32.500 хектари нови земјоделски површини. Николовски посочи дека најголем доказ дека земјоделството започна да се движи во вистинска насока и дека политиките на МЗШВ и на Владата на РСМ даваат позитивни резултатите, е зголеменото учеството на земјоделството во вкупната економија во првиот квартал од годинава е 13,6 отсто. 

Новиот министер Димковски, потенцираше дека во изминатите две години, се воспостави секојдневна отворена комуникација со земјоделците, со цел да носиме соодветни решенија од интерес на земјоделците, а секогаш кога беше потребно, кога земјоделците се соочува со проблеми во пласманот, ниски откупни цени, штети од временски непогоди, во комуникација со земјоделците навремено се носеа мерки со цел да се надомести загубата, но и мреки за стабилизирање на пазарот. Уште првата година од преземањето на мандатот, ја изменивме Програмата за директна поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој 2017 година, со што се обезбедија НОВИ 10 милиони евра за поддршка за земјоделците. Димковски, потенцираше дека изминатите две години се започнаа процеси за реформи во секторот, преку измена и носење на нови закони, во корист на земјоделството, како што е . комплетно новиот Закон за тутун и тутунски производи, изманите на Законот за државно земјоделско земјиште и измените на Законот за вино.

„Овие мерки и политики што ги презентиравме денеска со Николовски, се само дел од нашата тимска работа изминатите две години. Јас, како нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, одговорно и со задоволство ја преземам обврската успешно да ги продолжам сите започнати мерки и проекти, и она што е нјаважно овој период подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ. За крај би сакал јавно на Николовски да му изразам благодарност за укажаната доверба да го водам овој важен сектор“, изјави новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димквовски.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици