МЗШВ го објави огласот за јавна набавка на униформи на вработени лица во шумско - полициските станици

02.07.2019 10:08:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави огласот за јавна набавка на униформи на вработени лица во шумско-полициските станици.
Со огласот е предвидено набавка на летни и зимски униформи како и обувки за вработените лица во шумско-полициските станици.
Рокот за поднесување на понуди е до 13.08.2019 година до 11 часот, а истиот ден во МЗШВ ќе се изврши и отворање на понудите.
Со огласот ќе се набават 400 униформи, за што Владата донесе одлука на седница. Овие униформи, шумските полицајци ги добиваат после 11 години.

Share