ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2019 година

05.07.2019 17:13:00


I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Зачувување на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот е регулирано согласно Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13, 149/15 и 39/16).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество на јавниот конкурс имаат овластени субјекти од областа на сточарството кои ги исполнуваат општите услови од член 59 став 1 од Законот за сточарството и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за вршење на  одделна јавна услуга заштита на биолошката разновидност во сточарството, начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството и зачувувањето на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот („Службен весник на РМ“ бр.151/10).

Јавниот конкурс за давателот  на јавните услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2019 година трае (5) пет дена од денот на неговото објавување.

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2019 година, согласно видот на јавната услуга.

Повеќе информации на следниот линк

Share