Единаесет земјоделски задруги денеска добија договори за финансика поддршка преку Програмата за рурален развој

06.07.2019 12:00:00


Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа конференција по повод денешниот Меѓународен ден на земјоделски задруги. Оваа година мотото е „Задруги за достоинствена работа“, како форма којашто има важна улога во создавањето на пристојни работни места, како и за социјално и економско зајакнување на локалните заедници.

Воедно, по повод Меѓународениот ден на задруги, единаесет земјоделски задруги денеска добија договори за набавка на земјоделска механизација во вредност од над 9 милиони денари преку Програмата за рурален развој.

Шефот на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Никица Бачовски, истака дека задругите се важни затоа што отвораат пристојни работни места во секторот земјоделството а исто така земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот.

„Министерството за земјоделство, во изминатите две години континуирано работи на мерки кои ќе придонесат земјоделците да се здружуваат. Денеска, со доделувањето на 11 договори за Мерката „Економско здружување на земјоделците за  вршење на земјоделска дејност ќе се исплатат над 9 милиони денари. Кога земјоделците се здружени можат полесно да  реализираат крупни инвестиции да конкурираат за мерките од Националните и ИПАРД програмата а со тоа полесно да набават и земјоделска механизација. Но, она што е клучно, здружени земјоделците можат да се справат и со проблеми со пласман на земјоделски производи за разлика од индивидуалните земјоделци кои самостојно излегуваат на пазарот и се соочуваат со проблеми за продажба на производи“, изјави Бачовски.

Програмскиот менаџер, на Европската делегација во Република Северна Македонија, Константинос Соупилас, истакна дека во споредба со земјите на Европската Унија, кај нас сеуште е мал бројот на земјоделски задруги, иако од година во година бројот на регистрирани задруги постојано расте.

„Најголем број на задруги има во Италија, со речиси 6.800 задруги, а најмногу членки има во Германија со 1,4 милиони земјоделци. Во однос на истражувањето на пазарот има 63% учество во Холандија, 55% во Италија, 50 % во Франција. Овие бројки само ја потврдуват силината која задругите ја имаат во Европа. Од друга стрна кај вас бројот на задруги е низок, со тенденција на пораст во тек на годините, затоа верувам дека преку проектот кој го спроведуваме же дадеме придонес за развој на задругарството“, изјави Соупилас.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека задругарството е клучен сегмент за модерно, конкурентно и извозно ориентирано земјоделство. Бабовски истакна дека со средства од Програмата за рурален развој задругите ќе се модернизираат со механизација.

„Денеска присутните задруги ќе набават 10 трактори, 5 тракторски приколки и берач на овошје. Со оваа финансиска поддршка за за набавка на механизација директно влијаеме врз зголемување на рентабилноста во земјоделското производство и ги правиме конкурентни домашните задруги“, изјави Бабовски.

Освен преку Програмата за рурален развој, паралелно преку проектот „Подршка за развој на земјоделските задруги во Република Македонија“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од проектот CARE и Македонската развојна фондација за претпријатија, во фаза на избор се 8 постоечки и 12 нови задруги кои ќе добијат по околу 50.000 евра. Овие пари ќе можат да ги искористат за набавка на механизација, за ладилници, отпочнување на нови агробизниси и друго. На денешниот настан беа презентирани придобивките од овој проект за задругите, а беше промовирана е и избраната „чадор  организација“ на задругите, која ќе биде вклучена во активностите на проектот, и ќе им помага на задругите во делот на поддршка, промоција и лобирање за нивните интереси.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици