Започна кампањата за мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства ФАДН

11.07.2019 11:40:00


 Од денеска започнува промоција и јавна кампања за мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН) во рамки на проектот  “Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН). Кампањата ќе трае до крајот на месецот во рамки на којашто се планирани неколку информативни денови во следните 6- регионални центри на АПРЗ:

•        Битола –11-ти јули 2019 – 2 настани

•        Скопје –  22-ри јули 2019

•        Тетово –23-ти јули 2019

•        Струмица –24-ти јули 2019

•        Неготино –25-ти јули 2019

•        Штип  –30-ти јули 2019

•        Куманово – 31-ви јули 2019

Информативните денови ќе бидат организирани од страна на МЗШВ- Одделение за сметководствени податоци од земјоделски стопанства -ФАДН и Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството- АПРЗ, во соработка со Твининг проектот. Првиот информативен ден ќе се одржи денеска во селото Долно Српци во и во селото Ивањевци.

ФАДН е единствена база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава. Целта на проектот е да обезбеди прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, следење на трендовите и промени во аграрниот сектор.  Ваквите податоци се важни за креирање на ефикасни земјоделски политики, за следење на трендовите, за одредени промени во земјоделскиот сектор во насока на поголеми приходите на земјоделските стопанства, од што придобивка ќе имаат самите земјоделеци.

Целта на информативните денови е да се информираат земјоделците и другите засегнати страни за тоа што е ФАДН, придобивките за македонското земјоделство како и за можната употреба на податоците од ФАДН системот. Во септември 2019 година планирано е одржување на Национална конференција за ФАДН на која ќе учествуваат сите инволвирани институции во ФАДН системот и засегнати страни и ќе бидат презентирани резултатите од досегашното работење и функционирање на ФАДН системот. Јавната кампања е финансирана од Европската Унија – Твининг Проект МК 13 ИПА АГ 01 17.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици