ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година

19.07.2019 11:00:00


I.             ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на мерките од Дел V и VI од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година и тоа:

1) Пилот проекти за развојни, истражувачки и апликативни пилот проекти особено наменети за:

- зголемување на производството на риба,

- заштита на рибите и животната средина,

- развој на риболовниот туризам и

- за истражување на пазарот и маркетинг на риби и производи од риби.

2)  Развој на нови пазари и промотивни кампањи за:

- организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари.

 

II.            ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик за точка 1 - Пилот проекти се овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура.

Доколку истражувачките и апликативните пилот проекти ги реализират рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура,  задолжително содржат соодветна научна верификација.

Резултатите од пилот проектите задолжително се публикуваат во технички извештаи достапни за јавноста.

По завршување на пилот проектот, до министерството, задолжително се доставува финансиски извештај за реализираните средства за изведба на пилот проектот.

Право на учество на јавниот повик за точка 2 - Развој на нови пазари и промотивни кампањи се овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура.

III.          УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

-           потврда за регистрирана дејност (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-      тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              Информација за економско - финансиска состојба  на субјектот  или извештај за биланс на состојба за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад

-              потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

 

IV. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна 15 (десет) дена од денот на објавување на јавниот повик вклучувајќи го и денот на објавување. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

V. ИЗНОС  НА СРЕДСТВА И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊА

Максималниот износ на средства предвиден за точка 1 - Пилот проекти од дел I на овој јавен повик изнесува 2 000.000,00 (еден милон) денари. Вкупната вредност на одобрен пилот проект по поединечен корисник изнесува најмногу 400.000,00 (четиристотини илјади) денари во зависност од техничките потреби за реализација на проектот.

Доколу на повикот се доставени повеќе проекти кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел V од Јавниот повик, предност при одобрување на проектите и висината на средствата за реализација на истите ќе имаат развојните и апликативните проекти, за кои ќе се цени дека со добиените резултати ќе можат во пократок временски рок да се стават во практична примена за развој во областа на рибарството и аквакултурата.

Максималниот износ на средства предвиден за точка 2 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи од дел I на овој јавен повик изнесува 500.000,00 (петстотини илјади) денари.

Доколу на повикот се доставени повеќе барања за организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари, кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел VI од јавниот повик, предност при одобрување на барањата и висината на средствата по барање ќе се одредуваат во зависност од големината и важноста на настанот.

 

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањето од дел I точка 1 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Кон барањето се дoставува пилот проектот со наведени активности и очекувани резултати и преглед на потребни финансиски средства за реализација на активностите. 

Барањето од дел I точка 2 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Повеќе информации на следниот линк:

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици