Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“во општина Штип

21.08.2019 11:30:00


      Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015 и 39/2016) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со седиште на ул. “Аминта трети“ бр. 2, Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип.

      Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. “Кеј Димитар Влахов“ бр. 4 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и  во просториите на Општина Штип.

      Согласно член 91 став 1 од Законот за животна средина, Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“ ќе се одржи на ден 27.08.2019 година (вторник) со почеток во 12 часот во Салата на советот на Општина Штип.

Share