Со инвестиции во модернизирање на фармите и развивање на добри кооперантските односи до конкурентно млекопроизводство

06.09.2019 16:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска беше во посета на неколку фарми во Битолскиот регион. Министерот, заедно со Заменик шефицата на мисијата на САД Џ.Р Литлџон, Директорот на канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски, градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска и Генералниот менаџер на БиМилк Ѓорѓи Петрушев одржаа работен состанок којшто тема беа плановите на Општина Могила и нејзините партнери за развој на земјоделството и млекопроизводството во општината.

“Денеска може да видиме синхронизирана активност, планот за изградба на  економска зона во општина Могила, каде што ќе може да се градат сточарски фарми. Поддршката секако е од нас, како и од еден од најголемите донори УСАИД, кои се присутни тука, но ништо од ова нема да се случува ако не се вклучени приватниот сектор, Битолска млекара и сточарите. Министерството преку Владата сето ова го има планирано во овогодинешната програма, се работи на подобрување на условите во сточарството, тука би ги напоменал и договорите кои веќе беа потпишани за 50% финансиска поддршка на високостелни јуници за што се одвоени близу 2 милиони евра, а во блиска иднина веќе ќе можеме да ги гледаме и придобивките од оваа инвестиција”, изјави Димковски.

МЗШВ континуирано работи на развој на млекопроизводството преку Програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој беше зголемена  финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари. За оваа мерка беа одобрени 69 барања кои се во фаза на потпишување на договорите. Вредноста на набавката е над 213 милиони денари од кои 135,5 милиони денари е финансиската поддршката. Мерката е важна за подобрување на генетскиот потенцијал кај добитокот, што крајно ќе влијае и врз подобрување на квалиететот на финалниот производ. Дополнително поддршка за сточарството има и преку од Програмата за директни плаќања, односно 10 отсто повисоки субвенции за фармерите со развоен капацитет, како и субвенција за литар предадено млеко.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици