ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовни зони

11.09.2019 11:30:00


I              ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА

  1. 1.                   Риболовна зона “Акумулација Тиквешко Езеро“ -ја опфаќа целата површина на акумулацијата освен приобалниот дел до 10 метри од брегот (делот определен како рекреативна зона) и обележаниот појас околу поставените кафези за одгледување риби.
  2. 2.                  Риболовна зона “Акумулација Шпилје“ - ја опфаќа целата површина на акумулацијата 500 метри низводно од мостот на реката Црн Дрим кој се наоѓа северно од хидоцентралата “Глобочица“  и 500 метри низводно од мостот за с.Долно Косоврасти, освен приобалниот дел од 50 метри до брегот и обележаниот појас околу поставените кафези за одгледување на риби.

 

II             ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ДОДЕЛУВА КОНЦЕСИЈАТА

      Концесијата на рибите за вршење на стопански риболов на риболовните зони се доделува за период од шест години.

 

III            ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик за доделување на концесии на рибите за вршење стопански риболов имаат домашни правни лица регистрирани за дејност рибарство или општа клаузула за бизнис и странски правни лица доколку имаат регистрирано подружница во Република Македонија согласно со Законот за трговските друштва и доколку немаат негативна референца за учество на Јавен повик.

 

IV         РОК И ВАЖНОСТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Краен рок за поднесување на понудите е 15 октомври 2019 година до 10:00 часот.

Рокот на важност на понудата изнесува најмалку 180 дена сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите.

Сите трошоци кои се во врска со подготовката и поднесувањето на понудата паѓаат на товар на понудувачот.

 

V          АДРЕСА НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.

Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

 

 

VI         ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ

 

                Јавното отворање на понудите ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети“ бр.2, Скопје, Република Македонија) на 15 октомври 2019 година во 10:00 часот.

 

VII        ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

 

VIII      ИЗДАВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАДОМЕСТОК ЗА ИЗДАВАЊЕ

Тендерската документација се издава во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Tрети“ број 2, 1000 Скопје.

За подигнување на тендерската документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 500 (петстотини) денари.

Уплатата треба да се изврши на следната сметка:

 

             Назив и седиште на примачот:                            Министерство за финансии,                    Трезорска сметка

Банка на примачот:                                                     НБРМ

Трансакциона сметка:                               100000000063095

Износ:                                                                                 500 денари

Уплатна сметка:                                                           840  ХХХ 03161

Приходна шифра и Програма:                              722313 00

Цел на дознаката:                                                        административна такса

               

                Во случај на доставување на повеќе понуди од еден ист понудувач за различни точки од делот I на овој јавен повик, понудувачот треба да има подигнато тендерска документација за секоја точка поединечно.

При подигнување на тендерската документација од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потребно е да се остават лични податоци, како и податоци за називот, седиштето, контакт телефон и e-mail адреса за субјектот за кој се подигнува тендерска документација.

 

IX         ЛИЧНИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ, ТЕХНИЧКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на личните, професионалните, финансиските и техничките услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

 

  1. За докажување на личната способност:

-              изјава од одговорното лице во правното лице (оригинал), со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека правното лице или член на негов орган на управување или надзорен орган во последните пет години не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама или перење на пари;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад;

 -             потврда за понудувачот (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

 

2.  За докажување професионална способност:

-              Потврда за регистрирана дејност – рибарство или општа клаузула за бизнис (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад и

-              Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. Доколку понудувачот конкурира со подружница на правното лице потребно е подружницата да биде регистрирана за дејност рибарство или општа клаузула за бизнис.

 

3.   За докажување финансиска способност:

 -      Информација за економско - финансиска состојба  на субјектот  за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

 

4.   За докажување техничка способност:

-              М1 и М2 образец (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) за  број на рибочувари определени во риболовната основа и тендерската документација;

-              М1 и М2 образец (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) за најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки или договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството;

-              изјава (оригинал) за техничка опременост и оспособеност од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека поседува или располага со потребната опрема за вршење на рибочуварската служба утврден во риболовната основа со прилог документи за доказ-сопственост или договор за користење ,

-              доказ за располагање со опрема за вршење стопански риболов  (сообраќајни дозвола за пловни објекти со пенти, глисери или договори за закуп на истите за периодот на концесија) и

-              изјава (оригинал) за рибочуварска служба од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека ќе формира рибочуварска служба со потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа и дека истите ќе ја извршуваат таа обврска само за риболовното подрачје за кое се поднесуваат документите.

 

                Покрај документацијата специфицирана во точка IX од овој Јавен повик, секој понудувач треба да достави:

-              Пополнет Образец на понуда, заверен од страна на понудувачот и потпишан од одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице, за што во прилог се доставува овластувањето потпишано и заверено од одговорното лице на понудувачот;

-              Парафиран модел на Договор и

-              Банкарска гаранција за учество во постапката (оригинал).

                Доколку понудата не е комплетна, односно не ја содржи потребната документација, истата нема да биде предмет на евалуација.  

 

X          КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА

Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисокиот концесиски надоместок изразен во проценти понуден на електронската аукција.

 

XI         МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА НАДОМЕСТОК ЗА КОНЦЕСИЈА

-       Надоместокот за концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовната  зона “Акумулација Тиквешко Езеро“ изнесува најмалку 1 500 000,00 (еден милион и петстотини илјади денари) за период од шест години.

-       Надоместокот за концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовната  зона “Акумулација Шпилје“ изнесува најмалку 1 500 000,00 (еден милион и петстотини илјади денари) за период од шест години.

Надоместокот за користење на рибите за вршење стопански риболов се плаќа на шест еднакви годишни рати. Годишната рата  се плаќа најдоцна до 31 декември во тековната година.

 

 

 

XII      ИМЕ И АДРЕСА НА НАДЛЕЖНИОТ ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И КРАЈНИ РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЖАЛБИ

 

Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони е Државната комисија за жалби по јавни набавки (бул.„Илинден“ бр. 63а, 1000 Скопје, Република Македонија).

Жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на:

-              објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од Јавниот повик,

-              отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите, 

-              истекот на рокот за донесување на Одлука за избор на најповолна понуда или Одлука за поништување на постапката во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок,

-      приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовното подрачје, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката, или

-              за сознанијата за незаконско водење на постапката за доделување на договор за концесија за рибите за вршење стопански риболов на риболовното подрачје, најдоцна во рок од една година од денот на завршување на спроведената постапка.

 

 

 

 

Комисија за спроведување на постапки зa доделување концесии на рибите за вршење на стопански риболов

 

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици