ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони

11.09.2019 11:30:00


Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15,  39/16 и 83/18) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Струмица 1“ бр.45-2109/9, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Струмица 2“ бр.45-2109/10, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 2 - Тетовски“ бр.45-2109/1, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 5 - Неготински“ бр.45-2109/2, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 6 - Демиркаписки“ бр.45-2109/3,  Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црна Река 1 - Демирхисарски“ бр.45-2109/4, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Црна Река 4 - Мариовски“ бр.45-2109/5, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница - Делчевски“ бр.45-2109/6, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Злетовска река“ бр. 45-2109/7, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Охридски Слив“ бр. 45-2109/8, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Матка” бр. 45-2109/11, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Крушевска” бр. 45-2109/18, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,, Акумулација Младост” бр. 45-2109/13, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,, Акумулација Калиманци” бр. 45-2109/12, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Ратево” бр. 45-2109/16, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулации Конче 1 и Конче 3” бр. 45-2109/14, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Турија” бр. 45-2109/15, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на рекреативната зона ,,Акумулација Шпилје” бр. 45-2109/17 (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.106/19), Комисијата за спроведување на постапки за доделување концесии на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири, рекреативните зони, формирана од Владата на Република Северна Македонија, со Решенија бр. 45-4834/1-18 од 16 јули 2019 година, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони

 

I           ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА

                Предмет на концесијата е доделување на рибите за организирање на рекреативен риболов за период од шест години на:

  1. Риболовен ревир Црна Река 1 – Демир Хисарски – го опфаќа делот на Црна Река од изворот до мостот кај с. Бучин (мостот е граница) со сите притоки на Црна Река во тој дел и микроакумулацијата “Стругово” во општина Демир Хисар.
  2. Риболовен ревир “Црна Река 4 - Мариовски“, кој го опфаќа делот на Црна Река два километри пред вливот на река Сатока во Црна Река до влив во вештачкото езеро - акумулација “Тиквеш” со сите притоки, како и микроакумулациите на тој дел “Кале”, “Дуње”, “Чаниште”  и “Пештани”  (во општина Витолишта).
  3. 3.                Риболовен ревир Охридски слив – го опфаќа течението на реките Сатеска, од изворот до регулациониот објект северно од с. Волино, Каналот на реката Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино до вливот во Охридкото Езеро, Песочанка Река, од изворот до вливот во р. Сатеска, Голема Река, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица создадена од водите на изворите во селото Издеглавје и Слатинска река наречена ” Поток “, од изворот до вливот во реката Сатеска, Матица создадена од водите кои истекуваат од Сини Вирој, од изворот до вливот во Голема Река, Коселска Река, од изворот до вливот во Охридско Езеро, Река Ќерава, од границата со Република Албанија до вливот во Охридско Езеро, сите токови кои се вливаат во Охридското Езеро, како и вештачките езера - акумулации - Требенишко и Слатинско
  4. Риболовен ревир Злетовска Река – ја опфаќа цела Злетовска Река од браната на акумулацијата “Кнежево” до вливот во реката Брегалница, вклучително и сите притоки, акумулацијата „Пишица” како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов, доколку не претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети.
  5. Риболовен ревир Брегалница – Делчевски – го опфаќа делот од реката Брегалница од с. Митрашинци до еден километар пред вливот во акумулацијата “Калиманци” вклучувајќи ги сите притоки во овој дел од текот на реката Брегалница, како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  6. Риболовен ревир “Вардар 2 - Тетовски“-  ги опфаќа водите на реката Вардар и тоа од вливот на Улеверичка Река до дрвениот мост во близина на с. Радуша со притоките: Пена, Лешочка Река, Бистрица, Босилечка, Габровчица, Љуботенска Река и Горанечка Река, како и сите стоечки води (природни езерца, мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  7. Риболовен ревир “Вардар 5 – Неготински  – го опфаќа течението на реката Вардар од вливот на Црна Река до браната на термоелектраната “Неготино”, вклучително со реките: Ваташка (Луда Мара), Слатина, Пепелишка, Брусничка,  Дисанска и сите останати помали водотеци, како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  8. Риболовен ревир “Вардар 6 - Демир Каписки – го опфаќа течението на реката Вардар од браната на термоелектраната “Неготино” до влив на Кованска Река, вклучувајќи ги Стара Река, Анска Река и останатите помали водотеци, како и целото течение на реката Бошава од изворите до вливот во реката Вардар вклучително и реката Дошница по целото течение од изворите до вливот во реката Бошава со сите поголеми и помали водотеци како и сите стоечки води (мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов.
  9. Риболовен ревир Струмица 1 - го опфаќа делот од реката Струмица од изворишниот регион до вливот на реката Турија вклучително и река Турија, како и сите притоки во тој дел од текот заедно со  малите акумулации (“Маркова Брана“, “Дрвошка“ и “Иловица“), како и делот на реката Водочица од браната на вештачкото езеро – акумулација Водоча до вливот во реката Струмица.
  10. Риболовен ревир “Струмица 2 -  го опфаќа делот од реката Струмица од вливот на реката Турија до Македонско-Бугарската граница, заедно со Моноспитовско блато, сите притоки и малите акумулации (“Новоселка“), а без реката Водочица и нејзините притоки.
  11. Рекреативна зона Акумулација Калиманци – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулацијата Калиманци вклучуваќи го делот на реката Брегалница во должина од еден километар пред вливот во акумулацијата Калиманци, како и Каменичка река.
  12. Рекреативна зона “Акумулација Младост“ – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Младост од вливот на реката Отовица до браната.
  13. Рекреативна зона “Акумулации Конче 1 и Конче 3“ – ја опфаќа целата површина на вештачките езера – акумулации Конче 1 и Конче 3.
  14. Рекреативна зона “Акумулација Ратево“ – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Ратево од вливот на реките Клепалска и Заменичка до браната, вклучувајќи го делот на реката Брегалница од изворите до село Митрашинци со сите притоки.
  15. Рекреативна зона “Акумулација Турија“ – ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација Турија.
  16. Рекреативна зона “Крушевска“ – ја сочинуваат акумулациите Крушевско езеро, Борино 1 и Борино 3
  17. Рекреативна зона “Акумулација Матка“ – ја опфаќа целата водена површина на вештачкото езеро – акумулација Матка вклучувајќи го и делот на реката Треска кој се наоѓа помеѓу браната Света Петка (Матка 2) и вливот во акумулацијата Матка.
  18. Рекреативна зона “Акумулација Шпилје“ - ја опфаќа целата брегова линија на акумулацијата и приобалниот дел до 50 метри од брегот, 500 метри низводно од мостот на реката Црн Дрим кој се наоѓа северно од хидроцентралата “Глобочица” до вливот на реката Радика во акумулацијата Шпилје, вклучуваќи го и делот на реката Радика од вливот на Гарска Река во Река Радика (м.в. Бошков Мост) до вливот на реката Радика во акумулацијата Шпилје.

 

II          ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ДОДЕЛУВА КОНЦЕСИЈАТА

            Концесијата на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се доделува за период од шест години.

 

III         ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик за доделување на концесиja на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони имаат домашни правни лица регистрирани за дејност рибарство и риболовни здруженија и странски правни лица доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија согласно со Законот за трговските друштва и доколку немаат негативна референца за учество на Јавен повик и имаат подигнато тендерска документација.

                Јавниот повик е делив по точки.

                Еден ист понудувач може да достави понуда за повеќе точки од делот I на овој јавен повик. За секоја точка се доставува посебна понуда.

 

IV         РОК И ВАЖНОСТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Краен рок за поднесување на понудите е 15 октомври 2019 година до 10:00 часот.

Рокот на важност на понудата изнесува најмалку 180 дена сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите.

Сите трошоци кои се во врска со подготовката и поднесувањето на понудата паѓаат на товар на понудувачот.

 

V          АДРЕСА НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Секој заинтересиран понудувач својата понуда ја доставува на следнава адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Трети“, бр.2, 1000 Скопје.

Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

 

VI         ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ

                Јавното отворање на понудите ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети“ бр.2, Скопје, Република Северна Македонија) на 15 октомври 2019 година во 10:00 часот.

 

VII        ЈАЗИК НА ПОНУДАТА

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

 

VIII      ИЗДАВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАДОМЕСТОК ЗА ИЗДАВАЊЕ

Тендерската документација се издава во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.„Аминта Tрети“ број 2, 1000 Скопје.

За подигнување на тендерската документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 500 (петстотини) денари.

Уплатата треба да се изврши на следната сметка:

             Назив и седиште на примачот:                            Министерство за финансии,                    Трезорска сметка

Банка на примачот:                                                     НБРМ

Трансакциона сметка:                               100000000063095

Износ:                                                                                 500 денари

Уплатна сметка:                                                           840  ХХХ 03161

Приходна шифра и Програма:                              722313 00

Цел на дознаката:                                                        административна такса

                Во случај на доставување на повеќе понуди од еден ист понудувач за различни точки од делот I на овој јавен повик, понудувачот треба да има подигнато тендерска документација за секоја точка поединечно.

При подигнување на тендерската документација од архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потребно е да се остават лични податоци, како и податоци за називот, седиштето, контакт телефон и e-mail адреса за субјектот за кој се подигнува тендерска документација.

               

IX         ЛИЧНИ, ПРОФЕСИОНАЛНИ, ТЕХНИЧКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на личните, професионалните, финансиските и техничките услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

1.   За докажување на личната способност:

-              изјава од одговорното лице во правното лице (оригинал), со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека правното лице или член на негов орган на управување или надзорен орган во последните пет години не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама или перење на пари,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (уверение) за платени даноци, придонеси и други јавни давачки (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), издадена од Управата за јавни приходи не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица, дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад,

-              потврда (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад и

 -             потврда за понудувачот (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

                2.  За докажување професионална способност:

-              Потврда за регистрирана дејност – рибарство (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад (ја доставуваат само  правни лица регистрирани согласно Законот за трговски друштва),

-              Потврда за регистрирана дејност (ПРД образец оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад (ја доставуваат само правни лица регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации - риболовни здруженија) и

 -             Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. Доколку понудувачот конкурира со подружница на правното лице потребно е подружницата да биде регистрирана за дејност рибарство.

 

3.   За докажување финансиска способност:

-              Информација за економско - финансиска состојба  на субјектот или извештај за биланс на состојба за последните три години или за периодот за кои постојат податоци (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот) издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.

.

                4.   За докажување техничка способност:

-              договор (оригинал или копија заверена на нотар) за порибување на риболовниот ревир/рекреативната зона склучен со регистриран репроцентар за периодот на времетраење на концесија, со наведени планирани количини за порибување вкупно за целиот шестгодишен период на концесија и планирани количини за порибување поединичено по години,

-              М1 и М2 образец (оригинал или копија заверена од страна на понудувачот), за бројот на рибочувари определен во риболовната основа и тендерската документација,

-              изјава (оригинал) за техничка опременост и оспособеност од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека поседува или располага со потребната опрема за вршење на рибочуварската служба утврден во риболовната основа со прилог документи за доказ-сопственост или договор за користење,

-              изјава (оригинал) за рибочуварска служба од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека ќе формира рибочуварска служба со потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа и дека истите ќе ја извршуваат таа обврска само во риболовната вода за која се поднесува понудата и

-              изјава (оригинал)  за број на членови од одговорното лице во правното лице со која под морална, материјална и кривична одговорност потврдува дека во моментот на поднесување на понудата членуваат најмалку 50 членови во здружението (ја доставуваат само риболовни здруженија).

                Покрај документацијата специфицирана во точка IX од овој Јавен повик, секој понудувач треба да достави:

-              Пополнет Образец на понуда, заверен од страна на понудувачот и потпишан од одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице, за што во прилог се доставува овластувањето потпишано и заверено од одговорното лице на понудувачот;

-              Парафиран модел на Договор и

-              Банкарска гаранција за учество во постапката (оригинал).

                Доколку понудата не е комплетна, односно не ја содржи потребната документација, истата нема да биде предмет на евалуација.  

 

X          КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА

Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисокиот концесиски надоместок изразен во проценти понуден на електронската аукција.

 

 

XI         МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА НАДОМЕСТОК ЗА КОНЦЕСИЈА

              Надоместокот за концесија на рибите за рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво.

 

XII      ИМЕ И АДРЕСА НА НАДЛЕЖНИОТ ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И КРАЈНИ РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЖАЛБИ

Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони е Државната комисија за жалби по јавни набавки (бул.„Илинден“ бр. 63а, 1000 Скопје, Република Северна Македонија).

Жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на:

-              објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од Јавниот повик,

-              отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите, 

-              истекот на рокот за донесување на Одлука за избор на најповолна понуда или Одлука за поништување на постапката во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок,

-      приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовниот ревир/рекреативната зона , во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката, или

-              за сознанијата за незаконско водење на постапката за доделување на договор за концесија за рибите за организирање рекреативен риболов на риболовниот ревир/рекреативната зона, најдоцна во рок од една година од денот на завршување на спроведената постапка.

 

Комисија за спроведување на постапки зa доделување концесии на рибите за организирањe рекреативен риболов

 

 

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици