Започна поднесувањето на барања за субвенции за произведени и предадени јаболки од реколта 2018-та

16.09.2019 14:00:00


Од денеска до 15- ти октомври, сите земјоделци кои произвеле јаболка во реколта 2018- та година и количините ги предале на регистриран откупувач во периодот од 12- ти октомври 2018- та година до 25-ти јуни 2019 – та година, ќе можат да поднесат барања за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Висината на оваа финансиска поддршка е 3 денари по килограм за предадено јаболка кај регистрирани откупувачи по цена не повисока од пет денари за килограм.

Поднесувањето на барањата за добивање на оваа поддршка, почнува од денеска (16- ти септември) и ќе трае до 15- октомври 2019 – та година. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка, ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено јаболко во преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка, ќе можат да се обратат за помош во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици