ЈАВЕН ОГЛАС бр.04/2019

15.10.2019 16:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас на неопределено време за 2 (две) овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работното место шумски полицаец.

Општи услови

- да е државјанин на Република Македонија,

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да е физички и психички способен за вршење на работите на шумската полиција,

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

Посебни услови

- да има ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Националната рамка на високообразовните квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку средно образование,

- со или без работно искуство,

- да е соодветен за работното место што се докажува со потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет,

- да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје (Вработениот во рок од 1 година од денот на вработувањето има обврска да се стекне со уверение за шумски полицаец согласно Закон за шумите, во спротивно му престанува вработувањето)

- да има уверение за положен испит за шумски полицаец (Вработениот во рок од 1 година од денот на вработувањетоима обврска да се стекне со уверение за шумски полицаец согласно Закон за шумите, во спротивно му престанува вработувањето)

Работни задачи и обврски

-Ја чуваат шумата,

-Да ги спречат, легитимираат, приведат лицата затечени во вршење на кривично дело  со кое се нанесува  штета на шумата,

-Вршат преглед на сите средства со кои се превезува или пренесува дрво и други шумски производи, на сите места каде што се чува дрво и други шумски производи,

-Вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено  кривично дело,

-Ја следат и известуваат за состојбата на шумите во врска со бесправните сечи и шумските кражби,  шумските пожари, растителните болести, шумските штетници.

Доставување на документација

-Уредно пополнета пријава која може да се подигне ЕДИНСТВЕНО од Секторот за човечки ресурси во МЗШВ,

-Уверение за државјанство(во оригинал или копија заверена на нотар)

-Лекарско уверение за вработување (во оригинал)

-Уверение дека нема забрана за вршење професија,дејност и должност (од централен регистар, во оригинал)

-Диплома за завршено образование(оригинал или копија заверена на нотар)

-Потврда за положен психолошки тест(оригинал или копија заверена на нотар)

-Потврда за положен тест за интегритет(оригинал или копија заверена на нотар)

-Кратка Биографија

НАПОМЕНА:Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување

Пријавата за вработување се доставува во рок од 15 дена од моментот на објавување на огласот на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство несметајки го денот на објавување со назнака  ‘’До Сектор за Човечки  НЕ ОТВАРАЈ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2019 ул.Аминта Трети број 2 Скопје’’

Постапката за селекција ке се врши согласно Законот зашумите, Закон за вработените во јавниот сектор и Закон за работните односи.

Селекцијата ке ја врши комисија формирана со решение од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Испитот ке биде составен од 40 прашања од вкупно 350 прашања објавени на Веб страната на министерството, со максимален број 60 поени.

Интервјуто носи 40 бодови и ке се спроведе од страна на комисијата со кандидатите што освоиле минимум 51% од вкупниот број бодови од испитот.

Распоред на работно време

-  Работни денови - понеделник-недела

-  Работни часови неделно – 40 часови

-  Работно време во смени – 3 смени

Паричен нето износ на плата: 17.613,00 денари

Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 2.                                                                                                                                                                              МИНИСТЕР,

                                                                                                                   Трајан Димковски

Share