ЈАВЕН ОГЛАС бр.05/2019

18.10.2019 08:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас на определено време за 10 (десет) службеници и тоа:

1. Помлад референт за административни работи, ПЕ Крива Паланка (ССС – Гимназија или Машински, Земјоделски техничар) – со или без работно искуство

2. Помлад референт за административни работи, ПЕ Струга (ССС - Гимназија) – со или без работно искуство

3. Виш референт за стручно административни работи, ПЕ Велес(ССС)  – 2 години работно искуство во струката

4. Виш референт за стручно административни работи, ШПС Кочани (ССС – Текстилно, Гимназија, Електротехничар) – 2 години работно искуство во струката

5. Виш референт за стручно административни работи, ШПС Пехчево(ССС – Ветеринарен техничар)  – 2 години работно искуство во струката

6. Виш референт за стручно административни работи, ПЕ Кисела Вода (ССС –Електротехничко, Економски, Земјоделски Техничар)  – 2 години работно искуство во струката

7. Виш референт за стручно административни работи, ПЕ Велес (Вишо образование – Педагошка или ССС Економски техничар) – 2 години работно искуство во струката

8. Самостоен референт за административни работи, Сектор за земјоделство (ССС – Текстилно, Автомеханичар) – 3 години работно искуство во струката

9. Самостоен референт за административно технички работи, Сектор за европска унија (ССС – Гимназија или Економски, Шумарски техничар) – 3 години работно искуство во струката

10. Самостоен референт за информативно-документациони работи, Сектор за прекршоци (ССС – Гимназија или Економски, Правен техничар) – 3 години работно искуство во струката

Општи услови

- да е државјанин на Република Македонија,  активно да го користи македонскиот јазик,  да е полнолетен,  да има општа здравствена способност за работното место,  со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

Посебни услови

- - ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО

Општи работни компетенции

 решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување

Доставување на документација

-пријава

-Уверение за државјанство(во оригинал или копија заверена на нотар)

-Лекарско уверение од медицина на трудот (во оригинал)

-Уверение дека нема забрана за вршење професија,дејност и должност (од централен регистар, во оригинал)

-Диплома за завршено образование(оригинал или копија заверена на нотар)

-Сертификат за познавање на англиски јазик

-Сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-Историјат од агенција за вработување

-Кратка Биографија

НАПОМЕНА:Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување

Пријавата за вработување се доставува во рок од 3 дена од моментот на објавување на огласот на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со назнака  ‘’До Сектор за Човечки  НЕ ОТВАРАЈ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 05/2019  ул.Аминта Трети број 2 Скопје’’

Распоред на работно време

-  Работни денови - понеделник-петок

-  Работни часови неделно – 40 часови

За работните позиции 8,9 и 10 Паричен нето износ на плата 16.542,00 денари

За работните позиции 3,4,5,6 и 7 Паричен нето износ на плата 15.744,00 денари

За работните позиции 1 и 2 Паричен нето износ на плата 13.883,00 денари

 

           МИНИСТЕР

 Трајан Димковски

Share