ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИТЕ РЕОНИ КИЧЕВО, СКОПЈЕ, НЕГОТИНО, КАВАДАРЦИ, БЕРОВО И СТРУГА

20.11.2019 11:00:00


  1. Концедент е Република Северна Македонија - Владата на Република Северна Македонија.

1.1. Адреса и место на извршување

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.„Аминта Трети“ бр.2,

1000 Скопје, Република Северна Македонија,

тел: +389 (0)2 313 44 77,

  1. Предмет на овој јавен повик е давање на користење на дивечот со концесија во дел од ловиштата востановени со Одлуката за востановување на ловишта на територијата на Република Северна Македонија и тоа:

рeден број

ловиште број

Име на ловиштето

намена

период на концесија

1

2

3

4

5

Кичевско - Бродско ловностопанско подрачје

реон Кичево

1

5

Душегубица“

Крупен дивеч

20

Скопско - Кумановско ловностопанско подрачје

реон Скопје

2

1

Кадина Река“

Крупен дивеч

20

Долно - Вардарско ловностопанско подрачје

реон Неготино

3

2

Копришница“

Крупен дивеч

20

Долно - Вардарско ловностопанско подрачје

реон Кавадарци

4

5

Рожден “

Крупен дивеч

20

Влаинско - Малешевско ловностопанско подрачје

реон Берово

5

1

Сараево“

Крупен дивеч

20

6

2

Ратевска Река“

Крупен дивеч

20

7

3

Палазлија“

Крупен дивеч

20

8

4

Џами Тепе“

Крупен дивеч

20

9

6

Чифлик“

Ситен дивеч

10

Охридско - Преспанско ловностопанско подрачје

реон Струга

10

4

Велешта “

Ситен дивеч

10

  1. Концесиите на дивечот во ловиштата, предмет на овој јавен повик ќе се доделуваат за секое ловиште посебно.

  1. Концесиите на дивечот во ловиштата се доделуват за период од:

    • ситен дивеч: 10 години

    • крупен дивеч: 20 години

  1. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица како и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија согласно Законот за трговски друштва, кои ќе подигнат тендерска документација и ќе ги исполнат условите утврдени во тендерската документација.

  1. Во тендерската документација се содржани податоци за ловиштата во кои се доделува дивечот на концесија, површината на ловиштата, времетраењето на концесијата, десетгодишниот износ на концесија утврден согласно со посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно кој е минимален концесиски надоместок и основа за доставување на понуди по јавниот повик и условите кои треба да се исполнат од страна на концесионерот.

  1. Понудувачите задолжително треба да ја достават следнава документација за докажување на личните, професионалните и финансиските услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик:

  1. Потврда за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  2. Информација за економско - финансиска состојба на субјектот издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  3. Уверение за платени даноци и придонеси издаден од Управа за Јавни приходи на Република Северна Македонија;

  4. Документ дека над правното лицето не се води постапка за стечај издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  5. Документ дека над правното лицето не се води постапка за ликвидација издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  6. Документ дека на правното лице не му е изречена казна за кривично дело: Информација за кривична судска одлука издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  7. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;

  8. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

  9. Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (АНЕКС 4);

  10. Изјава на понудувачот (АНЕКС 5) заверена на нотар дека :

    • ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство, недвижен имот и движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);

    • ќе изработи Програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето согласно со предвидувањата во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно;

    • ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство, и

    • ќе формира ловочуварска служба.

Само понудите од понудувачите кои се оценети за способни ќе бидат предмет на евалуација.

  1. Целокупната понуда треба да биде на македонски јазик.

Придружната документација кон понудата, која се бара согласно тендерската документација, треба да биде во оригинал или копија заверена од нотар и една копија од овие документи.

Доколку на јавното отварање или при евалуација на понудите, се утврди дека копијата од оригинално доставените документи не е целосна, Комисијата ќе ја смета за релевантна оригиналната доставена документација.

Документацијата не треба да биде постара од 6 месеци од денот на отворањето на Јавниот повик.

Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал” и една копија кои ги означува со ознака „копија”. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот.

  1. Понудувачите можат да достават понуди за едно или за повеќе ловишта за доделување на концесии на дивеч, но не повеќе од една понуда за едно ловиште. Доколку понудувачот достави понуди за повеќе ловишта, сите понуди од еден ист понудувач задолжително треба да се достават во еден коверт.

  1. Рок за подигнување на тендерската документација е најдоцна до 20.12. 2019 година, до 10 часот. Тендерската документација се подигнува во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети„ бр. 2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија) секој работен ден во периодот од 9:00 до 13:00 часот.

  1. Понудите треба да се со важност од една година сметано од датумот на јавното отварање на понудите.

Лицето кое ќе ја подигне тендерската документација мора да достави овластување од (правното лице) фирмата за која подигнува документација, доказ за извршена уплата во оригинал и да ги достави сите потребни податоци за контакт и адреса на субјектот за кој се подигнува тендерската документација. Во спротивно лицето нема да може да ја подигне тендерската документација.

За подигнување на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 1000,00 (илјада) денари.

Уплатата треба да се изврши во корист на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:

Назив и седиште на примачот: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Трезорска сметка

Банка на примачот: НБРМ

Трансакциона сметка: 100000000063095

Износ: 1.000,00 денари

Сметка на буџетски корисник: 1400100280 631-19

Приходна шифра и Програма: 724164-20

Цел на дознаката: за концесија на дивеч, конкурс бр.13

  1. Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до денот и часот на јавно отварање. Ќе се разгледуваат само понудите доставени во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети“ бр.2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија), најдоцна до 20.12. 2019 година, до 10 часот.

  1. Понудите се отвораат во присуство на членовите или замениците на членовите на Комисијата надлежна за спроведување на Јавниот повик и овластените претставници на понудувачите кои подигнале Тендерска документација. Овластените претставници се должни да приложат Овластување за присуство на јавното отворање, издадено од заинтересираниот понудувач.

  1. Понудата треба да го содржи следното:

  • пополнет Образец за понуда (АНЕКС 2 на тендерската документација), потпишан и заверен од одговорно лице на понудувачот), со понуден износ повисок од минималниот концесиски надоместок

  • документите со кои се докажуваат исполнувањето на личните, професионалните и финансиските услови на понудувачот, наведени во точка 7 од овој јавен повик

  • Гаранција за учество во постапката, доставена исклучиво во оригинал

  • Потпишан и парафиран* модел на договор (АНЕКС 6 на тендерската документација). Парафиран модел на договор значи дека секоја страна на договорот треба да биде потпишана и заверена со печат од одговорното лице на понудувачот. Со парафирање на договорот, понудувачот во целост се согласува со одредбите предвидени во истиот.

  1. При изборот на најповолниот понудувач ќе бидат разгледувани само понудите кои ја содржат комплетната документација пропишана во Тендерската документација.

  1. Јавното отварање на понудите ќе се одржи на 20.12. 2019 година, во 10 часот.

  1. Начин на отварање на понудите:

Отворањето на понудите ќе биде јавно. На отворањето може да присуствуваат овластени претставници на понудувачите, за што истите се должни да приложат овластување за присуство на јавното отворање, издадено од заинтересираниот понудувач.

Отворањето на понудите ќе се изврши на следната адреса:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.”Аминта Трети” бр.2

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Доколку има измени во врска со местото на отворањето на понудите, понудувачите ќе бидат навремено известени.

Отворањето на понудите ќе се одвива во два чекори, и тоа:

Во првиот чекор се отвора единствено Ковертот 1 (Задолжителна документација). Во оваа фаза се проверува само комплетноста на документацијата.

Ако се утврди дека документацијата не е комплетна, другите коверти нема да се отвараат.

Во вториот чекор, по утврдувањето на комплетноста на документацијата од првиот коверт, се отвараат другите коверти. Од содржината на другите коверти јавно се читаат понудените параметри.

Комисијата ќе подготви записник од отворањето на понудите, во кој што ќе бидат опишани процедурата од текот на отворањето, евентуалните забелешки на присутните овластени претставници на понудувачите и образложенијата на Комисијата.

Во прилог на записникот ќе биде даден и список на присутни лица на отворањето.

Евалуацијата на понудите Комисијата ќе ја врши на посебна седница по што ќе се изврши рангирање на квалификуваните понуди за секое ловиште посебно.

17.1. Електронска аукција

Изборот за најповолна понуда ќе се изврши по пат на Електронска аукција со користење на електронскиот систем на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Почетниот износ за наддавање ќе биде највисокиот понуден износ на надоместокот за концесија на дивечот во ловиштата утврден по јавното отворање на доставените понуди.

Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе бидат содржани во поканата за учество на аукцијата која ќе им биде доставена на сите претставници на понудувачите за кои Комисијата по спроведената евалуација ќе утврди дека ги исполнуваат условите за учество во електронската аукција.

Во поканата за учество на аукцијата меѓу другите, ќе бидат содржани и следниве податоци:

  • почетната цена на аукцијата;

  • датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата;

  • интервалот во кој ќе се спроведува позитивното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени), како и

  • најмалиот износ на цена која може да се понуди како еден чекор во наддавањето.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена и која претставува највисока цена за доделување на дивечот во ловиштето на користење по пат на концесија. Електронската аукција ќе се изврши и во случај доколку на истата учествува само еден правен субјект и направи еден чекор во наддавањето над почетната цена.

Во електронската аукција ќе можат да учествуваат сите понудувачи за кои Комисијата за спроведување на постапка за доделување на концесија, при евалуацијата на понудите, ќе утврди дека ги имаат поднесено потребните документи согласно јавниот повик и во тендерската документација.

  1. Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда е највисок понуден концесиски надоместок понуден на електронска аукција.

  1. Обврските на концесионерот ќе бидат определени во Договорот за концесија на дивечот во ловиштето. Концесионерот е должен планското стопанисување, односно одгледувањето, заштитата и користењето на дивечот да ги врши во согласност со важечките закони и прописи во Република Северна Македонија.

  1. Владата на Република Северна Македонија може да врши изменување и дополнување на тендерската документација најдоцна 15 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, да не ги додели концесиите или целосно да ја прекине постапката.

  1. Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на дивеч е Државната комисија за жалби по јавни набавки (бул.„Илинден“ бр.63 А, 1000 Скопје, Република Северна Македонија). Жалба може да се изјави во рок од осум дена од денот на:

  • објавувањето на Јавниот повик за доделување на концесија, во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од Јавниот повик;

  • отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите;

  • прием на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на концесија, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката и

  • сознанија за незаконско водење на постапка за доделување на концесија, најдоцна во рок од една година од денот на завршување на спроведената постапка.

  1. За сите прашања поврзани со овој јавен повик заинтересираните кандидати можат да се обратат кај овластените лица за контакт:

Саша Јовановиќ тел: +389 (0)2 313 44 77

е-маил: [email protected]

Горан Личовски тел: +389 (0)2 313 44 77

е-маил: [email protected]

Комисијата за спроведување на постапката

за давање на дивечот на користење по пат на концесија

Share