Исплатени 137,3 милиони денари за јаболкарите, кои од реколата 2018 ги предале јаболките кај регистриран откупувач

20.12.2019 12:00:00


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566  субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Висината на поддршката за оваа мерка  изнесува 3 денари по килограм предадено јаболко. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат остварено производство на јаболка од реколта 2018 година и истите произведеното јаболлко во период од 12 октомври 2018 година до 25- ти јуни 2019 година ги предале кај регистриран откупувач.

Оваа Влада од почеток на мандатот до денеска, на сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, исплати вкупно 20,146,718,690.00  или  327,5 милиони евра на име субвенции.

Во еден ден, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

Share