МЗШВ: Притисоците и уцените беа одлика на ВМРО ДПМНЕ, а сега го бранат и криминалот

13.01.2020 13:10:00


Интересот на граѓаните и на земјоделците е врвен приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во изминатите три години МЗШВ како институција покажа што значи вистинска грижа за земјоделците преку континуираните отворени средби со земјоделците, консултации за секоја мерка што треба да се носи, решавање на секој проблем поединечно.

Притисоците не се одлика  на МЗШВ овие три години, како што тоа беше претходно во Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“, јасно се слуша дека нема закани и притисоци од страна на советникот на министерот Трајан Димковски, туку добронамерно укажување и советување до лицето од разговорот, да ја врши својата работа согласно законот. Измислениот случај за наводни притисоци од МЗШВ,  е само уште еден обид на ВМРО ДПМНЕ да го заштити криминалот. 

МЗШВ нема да штити криминал, институциите работат и ќе работат согласно пропишаните закони. Во декември минатата година до МЗШВ стигна допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ , во кој се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на Државниот инспекторат Охрид и Струга и на концесионерот на Охридското езеро „Летница –Белвица“, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал.  Конкретно, центарот алармира дека токму концесионерот има вработени лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дела како шпто се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со помош на необележани пловни објекти за стопански риболов учествуваат, помагаат и овозможуваат извршување на кривични дела, криумчарење на марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридско езеро.

Токму посоченото лице во аудио снимката е директно задолжено и одговорно во име на Државниот инспекторат за земјоделство, а со тоа и за концедентот Република Северна Македонија, и согласно договорот за концесија, да го следи концесионерот и да презема соодветни мерки за почитување и исполнување на обврските од договорот.

МЗШВ навремено за случајот ги извести сите надлежни институции Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инпсекторат, Трудов инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се извршат  итни инспекциски контроли на терен.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици