МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка

22.01.2020 12:30:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин, е поправена. Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, е направен нов рекламен банер којшто е веќе поставен на македонскиот штанд на саемот.

 

Имено, првичниот банер беше  предлог на компанијата Кадино, којашто дизајнот го има препратено до органозаторот на саемот. При тоа, направена е техничка грешка при преводот, за која што МЗШВ веднаш реагираше до организаторот, и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер. 

 

МЗШВ веќе работи на покренување на постапка за утврдување на одговорноста кај лицата од министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот. 

 

Инаку, кактеристично за овој саем е што земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот, и затоа МЗШВ реши годинава да стави фокус на овој традиционален производ. Денеска македонкиот штанд го посети светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оцени македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи. Штандот на МЗШВ е еден од најпосетените на саемот, дневно се поделени над 300 пити бурек и останати пецива. Темите варираат секоја година, во зависност од тоа кој ќе пројави интерес да соработува со МЗШВ.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици