Димковски во Ресен: Од почетокот на годината се исплатени над 1.6 милијарди денари за субвенции за земјоделците

06.02.2020 16:00:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со градоначаникот на општина Ресен, Живко Гошаревски. На состанокот се разговараше за идните политики за развој на земјоделството со посебен акцент на овоштарството како и за можните локации во Ресен кадешто е планирана изградба на откупно-дистрибутивен центар.

Министерот Димковски воедно информираше дека денеска се исплатија над

391 милиони денари на 9.545 земјоделци кои имаат овошни насади со јаболка, сливи, праски, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. 

Од почетокот на оваа година до денеска се исплатени над 1,6 милијарди денари субвенции за градинарите, полјоделците, лозарите и овоштарите денеска. Исплатата на субвенциите за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2019-та, продолжува и во следниот период, навреме пред почетокот на производствената сезона на земјоделските култури.Ова се субвенции коишто се за мерките од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2019-та година“, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека според Програмата за 2018 година токму за овој регион се исплатени близу 438 милиони денари или над 7,1 милиони евра, за субвенции за мерките од Програмата за 2018 година.

На денешната средба со градоначалникот на општина Ресен, се разговараше и за

И за објавениот оглас за „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, односно новиот модел за заштита од временски непогоди, кои предизвикаа големи штети врз земјоделските посеви во преспанскиот регион.

УХМР веќе го објави јавниот оглас за  „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедени 60 милиони денари со вклучен ДДВ.

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.

Се работи  за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку  авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и  порационална заштита на земјоделските посеви од град. Министрството за земјодлство,шумарство и водостопанство секогаш работи во полза на земјоделците.

Share