Општина Чашка за првпат добива асфалтирани улици со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој

03.03.2020 16:00:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски беа на увид во градежните работи за изградба на локален пат за поврзување на село Бусилици со регионалниот пат Велес-Прилеп. Општина Чашка има конкурирано со два проекти преку Програмата за рурален развој.

Со пари од Програмата за рурален развој за прв пат граѓаните од општина Чашка добиваат асфалтирани улици.

Општина Чашка има конкурирано со два проекти преку Програмата за рурален развој.  Едниот проект е за изградба на локален пат за поврзување на село Бусилици со регионалниот пат Велес-Прилеп, за што ќе добијат финансиска подршка од 18,5 милиони денари.

Вториот проект е за асвалтирање на пет краци улица Кочо Рацин во населба Чашка со вкупна должина од 895 метри и одведување на собирните атмосферски води до постоечките реципиенти, за што општината ќе добие финансиска поддршка од над 12,4 милиони денари. Овој проект е од особено значење  затоа што 40 отсто од населението на оваа општина живее токму во овој дел од општината. Граѓаните освен пат, ќе добијат и заштита од атмосферската вода а со тоа и од можни поплави.

Овие проекти се од клучно значење на граѓаните затоа што со реализација на истите, се обезбедуваат квалитетни услови за живот и се подобрува инфраструктурата.

Преку средства од Програмата за рурален развој низ целата држава веќе се почнати со реализација 200 проекти во сите општини, за чијашто поддршка Владата на РСМ обезбеди од 38 милиони евра.

Share