Новости


Земјоделското здружение “Современо Земјоделство” на министерот Љупчо Николовски, му додели плакета за  најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати близу 150 милиони денари за субвенции за трета фаза за литар предадено млеко, соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, при денешната посета во Битола.


Младите земјоделци до 40 години од денеска  ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло, и  отворање на сопствен агробизнис, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој што денеска е на средби со граѓани во кавадаречкиот регион.


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности на системот за наводнување во Равен - Речица, тетовско.


Министерот Николовски во своето обраќање посочи дека  оваа фабрика која е од секторот на дрвната индустрија  носи повеќекратен бенефит-како економски развој на општините Ранковце  Крива Паланка, но заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку производство на еколошки производи.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици