Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.