Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директороти на Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, во Големата сала на Општина Ресен, свечено доделија седум договори за набавка на приклучна земјоделска механизација. Средствата се обезбедени преку ИПАРД програмата.