Денеска се објавени пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој, за мерките: Мерка 115- попозната како „Рурална жена“, и Мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со 4 подмерки: набавка на трактори, силоси, инвестиции во мандри и опрема за производство на тутун.
Јавните повици се во рамките на Националниот план за производство на храна кој е креиран како стратешка цел за заштита на домашното земјоделско производство. Финансиската поддршка која е овозможена со овие пет јавни повици, се нови средства кои директно ќе се инвестираат кај земјоделците.