Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска доделија 103 договори за набавка на високопедигрирани грла добиток, преку Програмата за рурален развој.
Набавката на високопедигрирани грла добиток од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство, е врз основа на јавен повик за мерката 121 од Програмата за рурален развој, распишан во месец јуни 2021 година. На јавниот повик аплицирале вкупно 104 баратели, од кои 103 поднесени барања се прифатени и потпишани се договори за набавка на високопедигрирани грла добиток. Вкупната сума за поддршка на сточарите преку оваа мерка изнесува 253 милиони денари.