Министерот за земјоделство,шумарство водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска беа на локацијата во селото Конопива, Крива Паланка, кадешто започна изградбата на системот за наводнување на Селска река.
Овој систем е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 2019 односно во рамки на проектот „Изградба на мали системи за наводнување во општините во Република Северна Македонија – Фаза 2“.