Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ључо Николовски денеска во Струмица ги додели договорите за финансиска поддршка на планските региони за изградба на инфрастуктура за пристап до земјоделско земјиште.

На јавниот повик апликации доставија и истите се одобрени од пет плански региони, Вардарскиот, Североисточниот, Југоисточниот, Источниот и Пелагонискиот, со одобрена проектна апликација од осум општини Струмица, Велес, Демир Капија, Росоман, Крива Паланка, Богданци, Делчево и Битола. Поддржани се проекти со вкупна вредност од 9 милиони денари, за изградба на земјоделски патишта во 13 наслени места. 


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во април, до Собранието на Република Северна Македонија поднесе измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален, како и изменување и дополнвање на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства, кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за обработка на житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово.

Министерството овој оглас наменски го распиша, како дел од Планот за производство на храна, со цел обезбедување на нови површини за обработка на житни култури и обезбедиме поголем принос. Вкупно на располагање со јавниот оглас беа ставени 5.722 хекатри земјоделско земјиште над 3 хектари распоредено во 14 региони низ државата. Поставената цел е исполнета преку рекордниот интерес кај земјоделците за овој јавен оглас, со склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште.

„Главното прашање кое денес го мачи целиот свет е како да се стабилизира домашното производство и да се обезбеди доволно храна. Ова е предизик пред кои сите земји се исправени како последица од војната во Украина“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Навремено министерството реагираше и во консултација со земјоделците го подготви и донесе Национален план за производство на храна, како и Интервентен фонд кој во себе содржи многу мерки за поддршка на секој еден земјоделец.


Почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија носи убави вести за нашиот агро сектор. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Европската Унија започнува голема и значајна реформа во секторот шумарство. Проектот е финансиски поддржан од страна на ЕУ со грант од 1,3 милиони евра, средства обезбедени од ИПА фондовите.

Важноста на шумите е еден од приоритетите на МЗШВ и Владата. Континуирано го унапредиме нивното одгледување и заштита, како и чувањето на шумите и шумското земјиште како природно богатство.

Изминатите осум месеци претставници на министертвото и Европската Унија, заедно со сите засегнати страни, јавни институции, претставници на научната јавност, екологисти и невладини организации во областа на шумарството интензивно работеа на проектот „Поддршка на реформите во политиката и законската рамка во шумарството во Северна Македонија“. Работната група работеше на трите очекувани резултати од проектот, односно ревидирање на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Северна Македонија (2006-2026), потоа кон изработка на нов Закон за шуми усогласен со нормативите на ЕУ и подготовка на нова Национална програма за шумарство за имплементација на законот за шуми и Стратегијата за одржлив развој.