Јавни Огласи


Управата за семе и саден материјал, ве известува дека треба да распише јавен конкурс за следново:

 

Врз основа на член 60 ставови 1 и 5 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија  („Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.    122/21), Комисијата за распишување на јавен конкурс за давање на јавно овластување на лаборатории за чување и одржување на референтни примероци, формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со Решение бр.109 – 19/1 од 29 јануари 2021 година,  распишува ЈАВЕН КОНКУРС за јавно овластување на лаборатории за чување и одржување на референтни примероци


Врз основа на член 52 став (1) од Законот за административни службеници (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и  ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 14/2020) Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе


Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за утврдување на стручните работи од областа на одобрување на фитофармацевтските производи, советување, давање предлог - мерки кои се однесуваат на заштита на државата од внесување и употреба на одредени штетни агенси, фитофармацевтските производи, опрема за апликација на фитофармацевтските производи треба да формира Стручна комисија од областа на фитофармацевтските производи која согласно член 5 од  Законот за фитофармација („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 302/2020) треба да е составена од експерти од областа на фитопатологија, ентомологија, хербологија, физиологија на растенијата, фитофармацевтски производи, хемија, технологија, токсикологија, екотоксикологија и опрема за апликација.


ИНТЕРЕН ОГЛАС  за унапредување на 2 (два) административни службеници во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство


Врз основа на член 35 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15,  39/16 и 83/18) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за вршење на стопански риболов на риболовната зона “Акумулација Тиквешко Езеро“ бр. 44-12489/1-20 (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 17/21), Комисијата за спроведување на постапки за доделување концесии на рибите за вршење на стопански риболов на риболовната зона “Акумулација Тиквешко Езеро” , формирана од Владата на Република Северна Македонија, со Решение бр. 40-3313/1 од 23 март 2021 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК 3/202за доделување на концесија на рибите за вршење стопански риболов на риболовната зона “Акумулација Тиквешко Езеро“