Соопштенија


Врз основа на член 58 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр.26/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Стручната комисија за полагање на ловечки испит, формирана од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира испитна сесија за полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи на 26 март 2022 година, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Ул. “Аминта Трети” бр.2 Скопје.


Росоман е една од петте општини каде што земјоделците претрпеа штети од временски непогоди минатата година, а кои имаа доставени комплетна документација. На денешната средба, која се одржа на отворено, на поле, министерот Николовски лично им соопшти на присутните земјоделци дека сите што имале штети врз земјоделското производство поради временските непогоди минатата година, ќе бидат обештетени.


Во вакви времиња на светска криза ја гледаме важноста на земјоделското производство и субвенциите што ги овозможува државатa, секое слободно земјоделско земјиште ќе биде ставено во функција на домашното производство, околу 12.000 хектари ќе бидат на располагање и објавени преку јавни повици, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во денешното интервју на „Утрински брифинг.


Граѓаните треба да имаат доверба во институциите, нашиот фокус е да обезбедиме храна и храна ќе има, изјави минитерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното интервју во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. Николовски посочи дека иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува извонредна можност во време на светска криза и со затворени светски пазари, Северна Македонија да има отворен пазар.


Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Република Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици