Зајакнувањето на системите за производство и дистрибуција на храна е клучно за борба против гладот и вклучува поддршка во справување со болести каде и да се појават - кај луѓето, животните, растенијата или животната околина. Коронавирусот (КОВИД-19) е глобална здравствена криза, а ФАО игра улога во следење, проценка и одговор на нејзините потенцијални влијанија врз животот и егзистенцијата на луѓето, глобалната трговија со храна, пазарите, ланците за снабдување со храна и домашните животни.